Зошто да станете член на АИЕСЕК?
- Детали
- вторник, 09 септември 2014
Едни од најчестите ставови на студентите во Македонија: “Има толку конкуренција. Ретко кој успеал. Кај нас, тешко е да се поврзеш со вистинските луѓе, тешко е да успееш.”
АИЕСЕК, веќе 60 години, успешно го демантира овој став кај студентите во Македонија.
АИЕСЕК не е само студентска платформа која овозможува поинаков развој надвор од студентското секојдневие, туку е водич за тоа како треба да се изгради еден човек во лидер, во способна и квалитетна личност која отстапува од толпата, знае што сака да постигне во животот и успева во тоа.
АИЕСЕК на почетокот од секоја академска година врши регрутација на нови членови од сите универзитети и најразлични области на студирање, а овој пат повикот е отворен за канцелариите на АИЕСЕК во Скопје, Прилеп, Тетово и Штип.
Стани член на АИЕСЕК, и развиј ги твоите вештини во областа на:
маркетинг, продажба, човечки ресурси, проект менаџмент, бизнис администрација, како и информациони технологии, и осигурај се дека по завршувањето на твоето високо образование, ќе поседуваш практично искуство ценето од илјадници компании ширум светот, развиени професионални и лидерски вештини и на крајот, дека ќе се разликуваш од останатите.
Отворениот повик за нови членови трае до 22 Септември.
Амбициозни волонтери креираат одговорни лидери. Што те спречува тебе?
Аплицирај на овој линк!
За повеќе информации посетете ги фан страните на АИЕСЕК Скопје, АИЕСЕК Прилеп, АИЕСЕК Штип, АИЕСЕК Тетово.