Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


11 претстави на 7. Издание на ИТФ „ЛИЦА БЕЗ МАСКИ“

Мултимедијалната претстава „Плацебо“, на режисерката и корегорафка Ана Пампулова од Софија, Бугарија, на 12 септември, ќе го отвори годинешното седмо по ред издание на ИТФ „Лица без маски“, кое ќе се одржи од 12 до 17 септември, 2014 година во Универзална сала-Скопје.

11-pretstavi-na-7-izdanie-na-itf-lica-bez-maski-001.jpg

Фестивалската програма годинава, ќе понуди исклучителни квалитетни театарски преформанси предводени од европската и македонска независна продукција.

На репертоарот се претставите „Јас сум вода“, на компанијата „Костелационе“, од Италија, чешката претстава „Соседи“ на режисерот Павел Штоурац, од театарот „Континуо“ која во изминатите години ја освои публиката на бројни европски и светски фестивали, како и првото гостување на театар од Грција на нашиот фестивал, од компанијата „Арт и медија зона“, кои доаѓаат со претставата „Исмини и Калипсо“ во режија на Ефи Мерваглоу.

11-pretstavi-na-7-izdanie-na-itf-lica-bez-maski-3.jpg

На програмата е и претставата „Штом ќе се исполнат соништата, повеќе не можеш да живееш во нив“, на театарот „Лудум, Лудум“ од Белград, под режисерската палка на Петар Ристовски, истакнат театарски и филмски режисер од Србија.

Ексклузивната програма на годинешното издание на фестивалот, во селекција на Игор Ивковиќ, театарски режисер, покрај гостувањето на европските независни театри, е зачинето со бројни македонски претстави.

Како куриозитет, во натпреварувачката програма на фестивалот годинава го имаме експресивниот буто танц на Васил Зафирчев, работен според книгата „Дневникот на Хулиганот“ на Сашо Димовски, каде покрај изведбата на претставата, ќе биде одржана и промоција на книгата.

На програмата е и претставата „Три сестри“, на младата талентирана режисерка Теа Беговска, позната по експериментирањето на театарскиот простор.

11-pretstavi-na-7-izdanie-na-itf-lica-bez-maski-1.JPG

Чест и задоволство е годинава на програмата и во официјалната конкуренција да бидат и претставите „Виктор и Викторија“ на режисерот Војо Цветановски, работена за магистерскиот труд на продуцентката Сибел Јакуповиќ, а секако импресивно е и гостувањето на независниот „Интимен театар“ од Битола, кои доаѓаат со претставата „Трансферату“ во режија на Софија Ристевска.

На последната вечер на фестивалот ќе се одржи уште една промоција. Станува збор за несекојдневната мултимедијална промоција на книгата „Стрмоглаво кон височините“, на авторката Марта Маркоска.

Во чест на доделувањето награди, на последниот фестивалски ден, организаторите Независната продукција „Театар 007“ ќе ја изведе претставата „Ќелавата пејачка“ во режија на Игор Ивковиќ.

11-pretstavi-na-7-izdanie-na-itf-lica-bez-maski-2.jpg

Би можело да ве интересира:

Марјана од Прилеп направи 500 сармички за Св. Никола: „Ги правев 8 часа, помали се од лажичка“ „Имало години кога сум правела и до 1.000 сармички, но годинава се 500. За подго...
Каролина Гочева објави забавни фотки од турнејата во Германија - Како патува со бендот, се спие дури... Од тоа како ја шминкаат пред настап до како патува со членовите од бендот и прав...
Татко и два сина од гостилница во Неготино прават бесплатни оброци за Бадник: „Годинава ќе има околу... „Оброците ќе се служат на 6-ти во текот на денот и ќе имаме околу 300 порции. Се...
Кјара Гоља го прослави 26-иот роденден во Нов Зеланд со семејството - омилена гостинка ѝ беше баба ѝ... Кјара Гоља скока од среќа по победата на Доналд Трамп во забавно видео на Инстаг...
Кучето-херој од пожарот во Расадник се врати дома и уште 4 позитивни вести од Македонија кои нè изра... Македонска куклена претстава освои 3 награди на Интернационален фестивал, собран...
Дечиња направија цртежи на фустанот на Марија Атанасова за Макфест – сега го продава за хуманитарни ... Штипјанката Марија Атанасова на „Макфест“ се претстави со песната „Ти си ми се“,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg