Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Македоника низ бројки

Проектот „Книготека Македоника“ што го реализира Фондацијата за негување на македонското културно наследство Македоника официјално постои од ноември 2013 година.

makedonika-niz-brojki-01

За 200 дена „Македоника“ успеа да објави 225 бесплатни книги за своите читатели. Сите книги се од македонски автори напишани во различни периоди од македонската литература; почнувајќи од преродбеници, преку повоени класици до наши современици. 

Во истиот период на сајтот на „Македоника“ се регистрирани повеќе од 22.000 читатели кои секојдневно добиваат минимум по една бесплатна книга. Едноставноста и можноста омилениот наслов (или автор) да го ставите во Вашата лична библиотека „Мои книги” ја прави оваа платформа посетувана од многу Македонци независно каде и да живеат во светот.

Изминатите два месеци се рекордни по бројот на прочитани книги на „Македоника“. Дневниот „тираж” се движи помеѓу 600 и 700 „примероци”. Со ова се помина границата од 85.000 книги за шест месеци со што Македонија ја доби најголемата е-библиотека во регионот. 

Концептот на бесплатност и достапност на овие дела и автори направи „Македоника“ да прерасне и во најголема издавачка куќа во Македонија. Мотото „Книга на ден” е надминато и предвидувањата се дека за првите 365 дена ќе бидат објавени повеќе од 500 наслови. 

Би можело да ве интересира:

Македонија е на 47-то место на листата за најдобра национална кујна во светот - Кои се нашите топ 10... Кои се задолжителните работи кои мора да ги пробате од македонската кујна? Како ...
Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Тамара со Лука, Билјана Дебарлиева со сопругот - Кои познати Македонци ја почнаа годината на снежна ... Едни на скијање, други на сонце и топол напиток - многу Македонци ги искористија...
Кои познати Македонци имаат три или повеќе деца? Дали знаете дека Симон Трпчески е татко на близнаците Стефан и Андреј, но дека и...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg