Пакомак и Шпаркасе Банка наградија 18 најуспешни ученици во проектот „Рециклирање - КАЖИ ДА!“

Скопје, 20 мај 2014г. Денеска во основното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“, во присуство на градоначалниците на скопските општини, директорите на училиштата и одговорните за образование од општините, Пакомак и Шпаркасе Банка Македонија ги прогласија 18-те најуспешни ученици од заедничкиот прокет ‘‘Рециклирање – КАЖИ ДА!‘‘.

pakomak-i-sparkase-banka-nagradija-18-najuspesni-ucenici-vo-proektot-recikliranje-kazi-da-01

Најуспешните ученици кои донесоа најголем број пластични шишиња во текот на оваа учебна година беа наградени од Шпаркасе Банка со детски штедни книшки Медо Штедо со почетен паричен влог, а Пакомак ги награди со бројни спортски реквизити.

„Рециклирање - КАЖИ ДА!“ е проект за собирање и рециклирање пластична амбалажа и стара хартија кој има за цел еколошка едукација на децата за потребата и придобивките од собирањето отпад и неговото рециклирање, како и подигнување на нивото на хигиена во училиштата. Проектот веќе втора година по ред дава успешни резултати.

Вкупно 31.700 ученици од 54 основни училишта во 6-те општини на Град Скопје (Карпош, Центар, Кисела Вода, Аеродром, Гази Баба и Ѓорче Петров), оваа учебна година собраа повеќе од 40 тони пластичен отпад или повеќе од 1.5 милиони шишиња.

„Еколошката акција во која за собраниот пластичен амбалажен отпад Пакомак возвраќа со течен сапун за хигиена во основните училишта, бележи уште една успешна година и одлична прифатеност од страна на децата, наставниците и родителите. Покрај традиционалната главна награда која ќе ја доделиме во јуни 2014 за најдоброто училиште на ниво на општина, заедно со Шпаркасе Банка решивме да ги наградиме сите дечиња кои во периодот септември 2013 – март 2014 покажаа најголем интерес во реализацијата на проектот „Рециклирање - КАЖИ ДА!“ . Овие споредни награди сакаме да послужат како дополнителна стимулација за децата и нивно мотивирање за тоа што помасовно да се вклучат во проектот. Се надеваме дека ќе допринесе за уште поуспешни резултати и поголем ангажман од сите учесници во овој проект- изјави Филип Ивановски, директорот на Пакомак.  

„ Шпаркасе банка е еколошки одговорна институција со јасно дефинирана долгорочна стратегија за еколошко делување која ги вклучува вработените, партнерите и соработниците. Кога го започнавме проектот пред  2 години, се приклучивме кон процесот на создавање еколошка свест кај најмладите. Промовираме индивидуална и заедничка одговорност за намалување на отпадот, ги мотивираме учесниците на акција и ја развиваме свесноста уште од најрана ворзаст дека само чистата животна околина е здрава околина. Денешните награди се дополнителна мотивација за учесниците да истраат во определбите за чиста животна средина, и преку личен пример и придонес да ја јакнат и општествената одговорност. ‘‘ – изјави Глигор Бишев, Претседател на УО на Шпаркасе Банка.

Би можело да ве интересира:

Тамара Тодевска на 39 изгледа подобро од кога било – прослави роденден со Лука и децата „Среќна сум за секоја ваша честитка, порака и желба – за уште многу години“ – на...
Тања од Скопје нацртала 35 камчиња и ги оставила на грчка плажа: „Реакциите на луѓето кои ги наоѓаа ... „Идејата ми дојде откако претходно на Водно син ми најде нацртано камче од девој...
Тамара Тодевска на викенд со децата во Маврово: Зимски лудории на Хана и Дарен Тамара Тодевска ужива во Маврово со своите две деца и споделува на Инстаграм как...
„Градиме кариери, не стереотипи“ - приватниот сектор полека го прифаќа потенцијалот на жените Ромки Инклузијата и еднаквоста се повеќе од само идеали - тие се клучни концепти за пр...
Уникатни имиња на децата на познатите Македонци: Гаиа, Кира, Киан Катарина Ивановска ја има ќерката Кира, Слаткар го крсти синот Моша, а Тони Зен ...
Ламбе Алабаковски за татковството: „Сакам и ќерка по двата сина“ „Самото породување за мене беше еден голем, возвишен чин, со измешани емоции, ра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg