Екипата на НОВА најдобра помеѓу основните школи од Централна и Источна Европа во Скопје
- Детали
- понеделник, 12 мај 2014
Mеѓународното училиште „НОВА“ беше домаќин на одбојкарски турнир за девојчиња од основни училишта, кој се одржа викендов во спортскиот центар „ФОРЦА“.
Тимот на НОВА беше најдобар помеѓу учесниците и се заќити со пехар за освоено прво место а тимот на Англо Американското училиште од Софија го освои второто место. Сите победнички тимови освоија медали за сите вклучени играчи и тренери.
Истиот овој натпревар предходната година беше организиран во Рига, Латвија. Оваа година, во турнирот во Скопје се натпреваруваа околу 60 ученички, придружувани од 10 професори. Покрај двата тима на училиштето „НОВА“ учество земаа и странски тимови од „Меѓународното училиште од Белград“, Србија (ISB - International School of Belgrade), „Англо-Американското училиште“ од Софија, Бугарија (AAS - Anglo-American School of Sofia) и „Meѓународното училиште од Хелсинки“, Финска (ISH - International School of Helsinki).
Бидејќи во CEESA - „Асоцијацијата на училишта од централна и источна Европа“, фер плејот се цени исто толку колку што се цени и умешноста и посветеноста во самата игра, на крајот од турнирот се додели и почесен трофеј за екипата на Меѓународното училиште од Хелсинки која според гласовите на играчите и тренерите од другите тимови, демонстрираше нај фер-плеј однесување и најпозитивен однос кон самата игра, кон другите тимови, кон судиите и гледачите. Ова е навистина престижен трофеј кој секоја екипа го посакува во своите витрини.
Меѓународното училиште НОВА е едно од 19-те меѓународни училишта членки на „Асоцијацијата на училишта од централна и источна Европа“ (Central & Eastern European Schools Association), и со тоа членство им овозможува на своите ученици, учество на меѓународни спортски натпревари во повеќе спортови како фудбал, кошарка, одбојка, пливање, тенис и софтбол.