Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Заврши 5-та сезона Еден на Еден!

Минатата недела заврши петатта сезона од Еден на Еден со извонредна епизода во која екипата ги прикажа најинтересните моменти од сите 27 епизоди во кои гостуваа ѕвезди како Драган Бјелогрлиќ, Игор Џамбазов, Даниел Кајмакоски, Катарина Ивановска, Сергеј Самсоненко, Жељко Самарџиќ, Влатко Стефановски Јелена Розга и многу други.

zavrsi-5ta-sezona-eden-na-eden-01

По тој повод, авторот и водител на најгледаното ток шоу кај нас, Жарко Димитриоски напиша многу интересен текст во негов стил, каде раскажува разни анегдоти од сите снимања во оваа сезона.

Еве што пишува за епизодата со Драган Бјелогрлиќ:

Една недела потоа во емисија ни дојде човекот кој мислев дека никогаш нема да го добиеме. Десетина дена пред да ни даде потврден одговор дека доаѓа, давав интервју за некое списание. Ме прашаа “ајде фантазирај, кој би сакал да ти гостува што знаеш дека нема шанси да го донесеш?” Одговорив – Хауард Стерн! “Ај малку пореален биди. Некој полокален што знаеш дека не можеш да го донесеш...” - ми рече новинарката. Не се мислев многу. Како од пушка го кажав името на Драган Бјелогрлиќ. Зошто? Па дека ни во Србија не можат да го намолат да им гостува во емисија, не па тука! Фасцинантното е моментот дека како што реков, овој одговор го дадов десетина дена пред да го потврдиме Бјела и тогаш појма немав дека воопшто и ќе добиеме шанса да донесеме таква мега ѕвезда во емисија, а уште повеќе важно – човек кој лично премногу му се восхитувам и го ценам. Немам точен одговор за тоа како успеавме да дојде во Еден на Еден. Едноставно ги познававме вистинските луѓе кои не поврзаа во право време. На Бјела му требаше промоција на новиот Монтевидео, а ете од правите луѓе чул дека нема подобро место од нашето за таа работа. Човекот беше се што очекувавме да биде. Забавен, шармантен, многу пријателски расположен и тип кој може да те натпие во било кое време од денот! Ауууу на Бјела му држи... Му држи како да се фатило и да нема утре! Искрено, снимавме околу 12 напладне, а претходниот ден отидовме во кафана уште во 4, веднаш откако слета авионот. Седевме до 7, кога моравме да одиме на премиерата на филмот во Синеплекс, а вечерта теравме живот до 2 и пол... Лажам. Јас терав до 2 и пол. Веќе ви кажав, Бјела е како средношколец. Кога јас отидов, тој се загреваше. Шегата настрана, морам да напоменам дека Драган ги заслужува сите пофални зборови и обожаватели. Човечиште! Премногу сум среќен што имав прилика да го запознаам подобро.

zavrsi-5ta-sezona-eden-na-eden-02

Доколку сакате да го прочитате целото обраќање на Жаре кое е поставено на сајтот на продукцијата, навистина топло ви препорачуваме да го направите тоа веднаш.

А, во продолжение погледнете ја финалната епизода од сезона 5:

Би можело да ве интересира:

Димитар ја запроси саканата Стефани под ѕвезденото небо на Тунис (видео) „Тој порача шише вино во соба, но не ми беше чудно зашто често ми прави романтич...
Ламбе Алабаковски за татковството: „Сакам и ќерка по двата сина“ „Самото породување за мене беше еден голем, возвишен чин, со измешани емоции, ра...
Трогателна објава на Македонка: „Да се бориш со канцер е страшно, да се бориш втор пат со канцер е п... „Како се гледам после операцијата и губењето на двете гради? Најнормално, женств...
Скопјанката Моника кажа „да“ на Саемот за венчавки: Саканиот ја запроси на ревија, додека носеше кре... „Иако долги години сме во врска, не помислив дека мојот сегашен вереник ќе собер...
Ноне си ја исполни желбата да плива со желки: „Една беше, ама пак се важи“ „Да направам апдејт на мојата листа со желби: Денес пливав со желка! Добро, беше...
„Кога јас го носам детето на детски роденден, маж ми гледа ТВ, кога тој го носи - јас чистам, раскре... Мајка од САД вели: „Зошто мажите имаат време и за одмор и за хоби, додека жените...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg