Што ќе каже баба Рада за шегите на нејзина сметка?
- Детали
- среда, 22 јануари 2014
Баба Рада е вистински интернет хит на социјалните мрежи со сите препораки на чаеви за реални, но и нереални болести на денешницата.
Сите ја споделуваат, измислуваат нови чаеви и нови „болести“ за различни маки и се забавуваат. Фејсбук и Твитер се преполни со нејзиното име исто како што претходно беа преполни со вицевите за Чак Норис.
Еве дел од нив:
Баба Рада, немам пари. - Чај од кладилница.
Баба Рада, немам стан. - Чај од фискални.
Баба Рада бремена сум. - Чај од мајчина душичка.
После толку многу измислени шеги, Баба Рада реши да одговори на нив и да го искаже задоволството за тоа што предизвикува забава меѓу луѓето, бидејќи според неа најдобар лек за сите болести е смеата.
Слушнете што има да каже Баба Рада за шегите на нејзина сметка: