Рамстор во Capitol Mall - поинакво потрошувачко искуство

Во рамките на новиот импозантен трговски и резиденцијален комплекс Capitol mall & Residencе во Скопје, денеска беше отворен најновиот супермаркет “Рамстор” кој е конципиран по најсовремените светски трендови.

vo-noviot-capitol-mall-residence-ramstor-vovede-inovativen-koncept-i-poinakvo-potrosuvacko-iskustvo-01

Тоа е 12-тото продажно место, што “Рамстор”, како дел на најголемата турска групацијата за малопродажба “Мигрос” го отвори во Македонија.

Претседателот на Управниот одбор на “Мигрос”,  Тиџарет А.Ш. Буленд Озајдинли, потенцирајќи дека малопродажбата и инвестициите имаат клучна улога во развојот на градовите и нивната вредност, денеска на отворањето во Скопје  истакна:

 “Еден искусен малопродажен трговец кој претходно ќе го согледа развојот, со своите инвестиции додава дополнителна вредност на урбанизацијата и општествената трансформација во државата во којашто инвестира.  “Рамстор” се стреми кон започнување на поразлична раздвиженост во насока на брендирање, додавање на вредност во секој град каде има свој маркет. Ние предвидувајќи го овој задоволителен развој во Македонија инвестиравме тука и ќе продолжиме со нашиот придонес кон урбанизацијата и додавање вредност на брендот на градовите во кои постоиме.”

Озајдинли потенцираше “Мигрос” инвестира во држави со брза економска и општествена трансформација, и дека во тој контекст очигледен е стабилниот развој на Македонија според индексите за живот изготвени во врска со градовите на светско ниво.

Со отворањето на овој ултра модерен супермакет лоциран во скопската населба Аеродром, “Рамстор” воведува сосема нов, иновативен концепт на уредување на продажниот простор, со кој суштински ќе го промени искуството на своите потрошувачи и перцепцијата за тоа што е модерен супермаркет. Новиот начин на презентација на производите во супермаркетот “Рамстор” во Аеродром, по примерот на водечките светски трендови, се базира на тематско изложување на производите и нивно врзување за одреден атрактивен концепт, со што повеќекратно ќе биде зголемено естетското, визуелно и конзумерско искуство на посетителите на маркетот.

На овој начин познатиот концепт за супермаркет е темелно редефиниран во сосема нов, атрактивен простор, кој на потрошувачот ќе им овозможи несекојдневно искуство и чувство дека пазарува во низа специјализирани продавници, во рамките на самиот маркет .

Со супермаркетот во Аеродром, компанијата го најавува новиот концепт на уредување на внатрешниот енетериер, како и поосветлениот,поудобен, помодерен амбиент, кој ги очекува потрошувачите и во останатите нови маркети на “Рамстор”.

До крајот на 2013 година “Рамстор” ќе отвори уште две нови маркети, еден во Скопје и еден во Куманово, со што компанијата ќе достигне бројка од 14 маркети, на вкупна површина од 18055 м2, а бројот на вработени ќе се искачи на 450 лица. 

Истиот тренд на ширење компанијата го најавува и за следната 2014 година,  за кога е најавено отворање на 4 нови супермакети, што исто така ќе го пресликуваат новиот амбиентален концепт на “Рамстор”.

Новиот концепт на уредување на просторот во своите нови маркети е дел од заложбата на компанијата да понуди најдобра можна услуга за своите потрошувачи  Во врска со ова генералниот директор на “Рамстор” Ибрахим Кесемен вели:

“Во Рамстор маркетите во Македонија се применува стандартот за квалитет ИСО 9001:2008.во моментот се сертифицирани 8 маркети, а следната година со квалитетот кој го поседуваат ќе бидат сертифицирани сите маркети кои беа отворени во 2013 година”. Она што е важно е додека на потрошувачите им се нуди целосно нов свет на купувањето и пријатно искуство, истовремено да се обезбеди трајна доверба во услугите и производите, не само со збор туку со контрола на нивниот квалитет.”

“Рамстор” влезе на македонскиот пазар пред 8,5 години и денес претставува најбрзо растечки ланец на супермаркети во Македонија. Компанијата е дел од трговски ланец на интернационален малопродажен супермаркет “МИГРОС ТУРК Т.А.Ш”, најголемата копорација од овој тип во Република Турција, со 60 годишна традиција во оваа дејност, над 1000 свои продажни места и 19 000 вработени.

Би можело да ве интересира:

Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
„Како фараони сте“ - 2Бона снимаат нови спотови во Египет „Богови сте“, „Моите омилени момчиња“, „Фараоните на Египет“ - велат фановите на...
Марко Новески доби близнаци на 44 години, а Камењар има две поголеми деца - двајцата ја обожаваат ул... „Поминувам време колку што можам повеќе со близнаците. Дома ги делиме обврски и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg