Документарен филм за Филип Јаневски - Фифи: „Би се викал Барбара”

„Би се викал Барбара“ е краток документарен филм за двете најголеми желби во животот на едно 22-годишно момче од предградието на Скопје: најпрво да стане девојче, а потоа и популарна пејачка.

dokumentaren-film-za-filip-janevski-fifi-bi-se-vikal-barbara-01

Соочувајќи се со предизвиците на балканската реалност, таа се обидува да остане верна на она што навистина е.

Документарниот филм ја обработува животната приказна на Филип Јаневски - Фифи, трансродно лице од Скопје. Режијата и сценариото е на Ана Јакимска, а како нејзин асистент на режија се јавува Андреј Георгиев. Останатите членови на тимот се Бранко Костески - камера, Сашко Потер Мицевски - монтажа и Сандра Ѓоргиева - асистент на монтажа. Филмот е во продукција на Факултетот за драмски уметности - Скопје.

Ана Јакимска (1988) дипломирала Општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје со посебен интерес за компаративата како методологија на проучување на односите меѓу уметностите. Магистрант е на Факултетот за драмски уметности во Скопје, на катедрата за Филмска и ТВ режија.

Ана воедно е членка на Женска Алијанса и ни преставува особена чест, гордост и привилегија да ве информираме за нејзините успеси и достигнувања.

Во својата работа таа се води според принципите на еднаквост и недискриминација, а последното нејзино дело особено придонесува за подигнување на јавната свест и афирмација на човековите права на трансродовите лица кои претставуваат една од маргинализираните групи изложени на континуирана стигматизација и за кои сè уште постојат стереотипи и предрасуди во нашето општеството.

Погледнете го документарниот филм за животната приказна на Фифи:

Би можело да ве интересира:

Мајка од Скопје: „Снимив видео како син ми гали маче, ме нападнаа дека го малтретира - зошто толку о... „Мика на видеово е бебе од 14 месеци, со недоволно развиена моторика на рацете и...
Имала 12 бракови, го врати внукот со аутизам кај мајка му и живее сама на село – Животната приказна ... „Имаше страшни моменти додека ги растев ќерките. Се случуваше да јадеме бисквити...
Бојан од Скопје со македонско знаме на грб пешачи 3.000km во Нов Зеланд: „Преспивам во шатори, помин... „Мојот план е да ја поминам цела, потребни се околу 100 дена за тоа. Има секакви...
Снежна идила во Градски парк во Скопје (фото) По Нова година и Божиќ без врнежи, утрово Скопје конечно се разбуди под снежна п...
Ирина Дишовска објави дека чека второ дете со Павле Камилоски – 1 година по раѓањето на синот „Уште едно бебе е на пат“ – напиша Ирина Дишовска до фотките на Инстаграм, со ко...
Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg