Меккен мрежата најуспешна на Голден Драм фестивалот
- Детали
- среда, 16 октомври 2013
На фестивалот Голден Драм во Порторож, агенциската мрежа во централна и источна Европа Меккен, во која спаѓа и Меккен Скопје, е прогласена за најуспешен комуникациски систем во овој дел на Европа, освојувајќи две Гранд При, пет златни и 11 сребрени награди. Меккен Група допринесе во освојувањето на ова значајно признание.
„Меккен својата репутација ја гради повеќе од сто години. Насоченоста кон квалитет и креативност кои придонесуваат кон деловните резултати на нашите клиенти е начин на работа по кој сме препознатливи. Нашата визија е да бидеме најпосакуваниот комуникациски партнер во сите пазари на кои сме присутни. Седумнаесет освоени награди на Голден Драм фестивалот се потврда дека во овој регион полека се развива креативноста која сигурно чекори да биде рамо до рамо со креативноста присутна во многу поразвиени региони како што е случајот со западна Европа и Северна Америка.“‘, изјави Ричард Бонер Дејвис, директор на маркетинг агенцијата Меккен за централна и источна Европа.
По повод ова значајно признание, Срѓан Шапер, основач на Меккен Групата, рече: „Меккен повторно докажа дека е најуспешната агенција која ја ужива довербата од најголемите светски, регионални и локални клиенти. Наградата за најуспепшна агенциска мрежа во централна и источна Европа е уште една потврда на Меккеновата визија да биде најпосакуваниот комуникациски партнер.“
Фестивалот Голден Драм во Порторож е еден од најзначајните рекламни фестивали во нашиот регион на кој традиционално учествуваат најдобрите светски агенции. Оваа година, се одржа по јубилеен дваесети пат во организација на Словенечката рекламна комора. Натпреварувачкиот дел на фестивалот поделен е во две секции: Single Channel во кој се наградуваат делата кои на најдобар и најкреативен начин користат еден комуникациски канал, и Multi Channel во кој се наградува најдобрата креативна интеграција на повеќе комуникациски канали.