Излезе „е-Бонтон“ прирачникот за убаво онлајн однесување

Излезе од печат првиот македонски „е-Бонтонˮ прирачник со 100 правила за добро однесување на интернет, проект кој се реализираше од страна на Фондацијата „е-Македонија“ на Македонски Телеком.

izleze-e-bonton-priracnikot-za-ubavo-odnesuvanje-01

На 27, 28 и 29 јуни (четврток, петок и сабота) пред книжарниците ТРИ,  Табернакул, Матица и Култура, промотивно ќе биде поделена првата количина од прирачникот на случајните минувачи, со што и граѓаните ќе имаат можност да го видат  првиот македонски прирачник за електронска комуникација, во кој сите правилата се предлози на граѓани кои сакале да одговорат на повикот на Фондацијата и да се вклучат во проектот.
По истекот на овој промотивен период, граѓаните бесплатно ќе можат да го добијат „е-Бонтон“ прирачникот за електронска комуникација во сите Телеком продавници во Македонија, кој е во ограничен број. Но, за сите оние кои нема да успеат да дојдат до печатената верзија на овој прирачник, тој ќе биде достапен и во електронска верзија на сајтот на е-Бонтон: www.ebonton.mk, како и на на интернет страницата на Фондација „е-Македонија“, www.e-makedonija.org.mk, на веб страницата на Македонски Телеком и на  порталот Идивиди,.

Фондацијата „е-Македонија“ минатата година во декември започна со реализација на проектот „е-Бонтон”, со цел создавање на правила за убаво однесување во електронската комуникација и подигнување на јавната свест за начинот на кој луѓето комуницираат преку социјалните мрежи. Фондацијата креираше своја веб страница www.ebonton.mk  и Фејсбук фан страница „е-Бонтон“ која беше отворена за сите оние што сакаа да споделат свое правило за да се креира прирачникот. Од многуте предлози, се избраа 100-те најуспешни објавени во него. Проектот беше поддржан и од невладината организација Метаморфозис, Младинскиот отворен форум и Високата школа за новинарство и односи со јавност.  

izleze-e-bonton-priracnikot-za-ubavo-odnesuvanje-02

„Драго ни е што проектот „е-Бонтон“ наиде на одличен прием кај нашите сограѓани, особено кај оние кои секојдневно се вклучени во интернет комуникацијата. Им се заблагодарувам на сите кои учествуваа, испратија свое правило и на тој начин истакнаа што според нив е добро, а што треба да се промени во нашето однесување во виртуелниот простор. Благодарение на нивните лични искуства, совети и предлози Фондацијата го креираше првиот прирачник од ваков вид во Македонија со цел да се подобри електронското општење и  да послужи како корисна збирка на правила за етичко однесување и комуницирање на интернет. На овој начин, се надеваме, ќе придонесеме до значајно подобрување на комуникацијата и меѓусебното разбирање во онлајн заедницата”. – изјави Радмила Јончевска, директор на Фондацијата „е-Македонија“.

Би можело да ве интересира:

Антониа Гиговска со кожена јакна без градник, Милена Антовска на свадба на Сардинија: Што прават мак... Весна Петрушевска беше на изложба за кучиња со миленикот Минки, Aлександар Белов...
Македонски инфлуенсерки кои блескаат со труднички сјај Шијакоска и Ѓоргиева се другарки бремени во исто време, Софија Јанева сподели де...
Македонски парови кои јавно ја покажуваат љубовта – бакнежи, емотивни посвети „Колку си убава жено, во 100 животи пак би те одбрал“ – напиша Димитар Атанасовс...
Македонски познати личности кои ја кријат љубовта од јавноста Додека некои македонски парови јавно ја искажуваат љубовта, објавуваат фотки од ...
Перо Антиќ се санка со синовите, Антониа Гиговска секси во црна тантела: Што прават македонските ѕве... Снегот на планините ги измами Македонците, па Викторија Лоба откри дека е на ски...
Како би изгледале познатите македонски мажи доколку се роделе како жени? Лозано би бил слатко и симпатично девојче, Иван Јованов има нежно лице и насмевк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg