АИЕСЕК - 60 години традиција во Македонија

Да се одбележи 60 години постоење е доказ за успешната приказна на една од организациите со најдолга традиција во Македонија – АИЕСЕК.

aiesec-60-godini-tradicija-vo-makedonija

60 генерации млади луѓе на кои АИЕСЕК успеал да им го промени животот, оставајќи белег на нивната младост. Секој од нив би потврдил дека искуството и миговите минати во организацијата се нешто кое не се заборава. Пријателствата склопени за време на тоа патување се пријателства кои ќе траат вечно, а сеќавањата од сите предизвици со кои се соочиле заедно ги прават истите уште подрагоцени.

Да се биде дел од едно големо интернационално семејство е можност да се види светот со други очи, одблиску да се запознаат разновидни култури и да сфати улогата и моќта која ја има секој од нас во ова глобално село.

Всушност вредностите и визијата на организацијата кои успеале да останат исти сиве овие години, се поттик кој истата ја води напред, сплотувајќи ги сите нејзини членови во една моќна движечка сила.

Преку своите програми, проекти и активности, АИЕСЕК им нуди можност на младите луѓе да направат позитивна разлика во своето опкружување. Но истотака и да ги направи да се чувствуваат горди на промената која ја направиле, свесни за заслугата која ја имаат. Сето тоа им овозможува да се надградат себеси, прераснувајќи во совесни и одговорни млади индивидуи.

Во овие 60 години докажавме дека АИЕСЕК позитивно влијае на младите луѓе, па затоа да си посакаме среќа за уште поголема успешност во наредните години и за развивање на лидерскиот потенцијал кај младите во Македонија.

Среќен роденден АИЕСЕК во Македонија!

Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Македонија е на 47-то место на листата за најдобра национална кујна во светот - Кои се нашите топ 10... Кои се задолжителните работи кои мора да ги пробате од македонската кујна? Како ...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Александар Белов ужива во Скопје со ќеркичката и сопругата, откако пред 6 години се пресели во Србиј... Македонскиот пејач, кој се прослави со шоуто „Операција триумф“, долги години жи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg