Штеди и рециклирај вода

По повод светскиот Ден на водата, 22.03.2013, студентите од Универзитетот Американ Колеџ Скопје, организираат акција Штеди и рециклирај вода”,  при што главна цел ќе биде подигнување на свеста за важноста на водата, како и нејзината рационална потрошувачка. На Денот на водата, 22.03.2013 година проектот Штеди и рециклирај вода” ќе биде презентиран  во неколку oсновни училишта од Скопје, во прв бран:  “Јан Амос Коменски”, “Кочо Рацин” и “Јохан Хајнрих Песталоци”.

stedi-i-recikliraj-voda-01

Иако водата е важна за сите генерации, студентите оваа година се одлучија за едукација токму на најмладите, кои што ќе треба активно да земат учество, собирајќи ја веќе искористената вода (при миење раце, лице, заби и сл.) а истата ќе биде полезно пренаменета (рециклирана), во конкретниот случај - полевање на зелените површини. Едукативната програма ќе содржи и интересни презентации, интерактивни игри и активности поврзани со значењето на водата, прилагодени на возраста на децата.

Водата е најважниот природен ресурс без кој не може да се замисли егзистенцијата на сите живи суштетства на планетата Земја. Оваа акција служи и како апел до сите за да се запрашаме колку рационално ја користиме водата!

Би можело да ве интересира:

Мајка од Скопје: „Снимив видео како син ми гали маче, ме нападнаа дека го малтретира - зошто толку о... „Мика на видеово е бебе од 14 месеци, со недоволно развиена моторика на рацете и...
Снеже Велков влезе во море среде зима – се загрева со оро, водата е „кочан ладна“ (видео) „Ладно е кочан, но зборот е одржан – победа на умот и предрасудите“ – напиша Сне...
Снежна идила во Градски парк во Скопје (фото) По Нова година и Божиќ без врнежи, утрово Скопје конечно се разбуди под снежна п...
Бојан од Скопје со македонско знаме на грб пешачи 3.000km во Нов Зеланд: „Преспивам во шатори, помин... „Мојот план е да ја поминам цела, потребни се околу 100 дена за тоа. Има секакви...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Имала 12 бракови, го врати внукот со аутизам кај мајка му и живее сама на село – Животната приказна ... „Имаше страшни моменти додека ги растев ќерките. Се случуваше да јадеме бисквити...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg