Скопје Сити Мол започнува со работа на 4 октомври!

skopje-city-mall-zapocnuva-so-rabota-na-4-oktomvri

(Скопје, 14 септември 2012) Долгоочекуваниот трговски центар Скопје Сити Мол свечено ги отвора вратите за своите посетители на 4 октомври 2012г. Во текот на неколкуте дена по свеченото отвoрање ќе се реализираат разновидни активности наменети за сите посетители.

150 реномирани светски брендови како и најголемите локални трговски марки ќе бидат присутни во трговскиот кој располага со вкупна површина од 90.000м2 од кои 39.000м2 се наменети за издавање. Посетителите ќе го имаат на располагање и најголемиот паркинг простор во градот со 1.300 паркинг места вклучувајќи подземно ниво и катна гаража.

Вкупната досегашна инвестиција во трговскиот центар изнесува 70 милиони евра, а ќе овозможи вработување на околу 2.000 лица.

Скопје Сити Мол ги задоволува највисоките светски стандарди за модерен и урбан трговски простор и во Македонија ги носи некои од најголемите светски брендови. Овој проект е своевиден симбол на развој, унапредување, взаемна доверба и уште повеќе ги отвара вратите за понатамошни инвестиции. Определбата на Скопје Сити Мол е да ги задоволи потребите на домашните, но и на потрошувачите од регионот за квалитетен и современ трговски простор и да стане најуспешен шопинг центар на Балканот со околу 7,5 милиони посетители во првата година.

Зара, Масимо Дути, Страдивариус, Пул енд Беар, Бершка како и францускиот ланец супермаркети Карфур, го најдоа своето место во Скопје Сити Мол и за прв пат ќе имаат свој продажен простор во Македонија. Трговскиот нуди богати забавни содржини како што се мулти-плекс киното со 3Д технологија на Синеплекс, потоа кугланата за семејна забава и деловно дружење Бо Боулинг, многу кафе барови, ресторани, брза храна, козметика, книжарница, детски катчиња, потреби за домаќинство, сервисни услуги и многу други содржини.

Со отворањето на Скопје Сити Мол на 4 октомври, градот конечно ќе добие место кое со својот уникатен концепт во себе ќе ги обедини добрата забава, шопингот и квалитетното дружење.

Би можело да ве интересира:

Снежна идила во Градски парк во Скопје (фото) По Нова година и Божиќ без врнежи, утрово Скопје конечно се разбуди под снежна п...
Мајка од Скопје: „Снимив видео како син ми гали маче, ме нападнаа дека го малтретира - зошто толку о... „Мика на видеово е бебе од 14 месеци, со недоволно развиена моторика на рацете и...
Бојан од Скопје со македонско знаме на грб пешачи 3.000km во Нов Зеланд: „Преспивам во шатори, помин... „Мојот план е да ја поминам цела, потребни се околу 100 дена за тоа. Има секакви...
„Танцува како да лебди“ - Анди Исмаили од Гостивар по петти пат стана светски шампион во танц Младиот гостиварец Анди Исмаили годинава повторно е светски шампион во модерен с...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Скопје е совршена пролетна дестинација според „The Times“: Фасцинантен град со богата гастрономска к... Реномираниот магазин „The Times“ го опиша нашиот главен град како фасцинантно ме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg