Слаткар се потсети на минатото: „Немавме вентилатор да нè лади, немавме пари да идеме на одмор“
- Детали
- понеделник, 07 април 2025
„Ова сум јас, крај на месец јули, 2005-та. Сите другари ни се во Охрид на одмор, а јас со другар ми сме заглавени во Скопје и снимаме песни на импровизирана опрема. Обрнете внимание на микрофонот… Сталак од скршен вентилатор и шипка од скршена метла“, вели Марко Маринковиќ Слаткар за своите почетоци и за тоа каде е денес. Кога се сака се може, зарем не?
Марко Маринковиќ Слаткар се потсети на своите музички почетоци во далечната 2005 година.
Тој со стара фотографија на Инстаграм се наврати на времињата кога креирал музика со импровизирана опрема, но и кога, и покрај недостигот од финансии, не се откажувал од својот музички сон.
Денес, тој има успешна музичка кариера, со многу настапи во Македонија и регионот, албуми и живее од музика.
Негова најголема инспирација и поддршка му се сопругата Сања Николиќ и синот Моша.
Слаткар за неговите музички почетоци напиша:
„Ова сум јас, крај на месец јули, 2005-та.
Сите другари ни се во Охрид на одмор, а јас и @dj.che.official сме заглавени во Скопје и снимаме песни на импровизирана опрема.
Обратете внимание на сталката за микрофон… Сталак од скршен вентилатор и шипка од скршена метла.
Немаме вентилатор да нè лади, немаме пари да идеме на одмор, но имавме нова песна и уште една, уште една и уште една.
Не знам точно колку песни имам направено досега, но знам дека сѐ уште снимам со истиот интензитет и сѐ уште сум возбуден како мало дете кога идам накај студио.
Со овој пост сакам да најавам дека на
25-ти мај ќе вадам НОВ АЛБУМ!!!
BTW, оваа година во јули се мислам дали да идам на Малдиви или на Бахами...
На здравје!“
Повеќе фотки од него:
Погледнете како изгледа денес синот на Слаткар, Моша:
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





