Васил Гарванлиев за родната Струмица: „Собиравме со децата пари за врел леб, а крадевме френки од комшиите“
За мене од убави струмички ќебапи нема нешто поубаво. И во последните неколку години за мене прво место за такво нешто е „Фабрика“ над „маленкио парк”.
Смукни ќебап со шопска, подлучена чушка, патати су сирне, печено лепче и една ж’та. Мх мх мх, прсти да излижеш!
За најдобар (но смртоносен) коктел малце подолу од „маленкио парк” на десна страна е South Side, каде што за мене има многу специјална топла фамилијарна енергија која не суди, те прима како свое дете и прави фантастични иновативни коктели.
Ама, внимавај, 1-2, три максимум, зашто после тоа имаш „црна дупка“.
За нешто сосема поразлично од сè во Струмица, дури и во Македонија, е DeGusto Еxperience.
Ова е мал бутик ресторан со автентична италијанска храна. А по јадењето шише просеко и еспресо со едно лимончело за крај - нема нешто поубаво.
Ако одите, поздравете ја Виќи од Васил.
За традициите и местата во Струмица можам цела книга да ви напишам, ама еве неколку други места кои мора да ги спомнам: фитнес во Pulse, пилешки стек во Cosmoplit, тост со плескавица помфрит и луто од Корзо и мало макијато во Concept.
Последното, но најважното место за мене е - дома.
Многу ми е мило што мама конечно ме послуша да ја срушиме куќата каде што пораснавме зашто беше преголема (без потреба), се распаѓаше зашто сите сме надвор од Македонија, и за жал домот веќе го немаше во неа, ѝ носеше тажни и тешки сеќавања.
Таа изгради куќичка во американски стил, минималистички дизајнирана и уредена, со прекрасен двор, градина, со надворешна кујна со фурна за пица и базен.
За крај ве оставам со една песна која ја напишав во куќата, а Игор Џамбазов го напиша текстот.
Пораснав со Игор (кој живееше дома кај нас во Струмица одреден период во време на ‘Марионка’ и првиот дует ми е со него ‘Тоа ти е’).
Му ја пуштив мелодијата за која Давор Јордановски направи аранжман и веднаш ми напиша: „Василчо оваа мелодија е тешка и е само за дома. Напиши ми 10 збора за куќата дома и ќе биде“.
Спотот го снимав со Вац (Георги Вацев) и е уникатен зошто е во живо (пеење) и one take (камера) во напуштената и сега изгорена касарна во Струмица“.
Прочитајте и Васил Гарванлиев за CRNOBELO лексикон: „Џејсон прави најубава мусака, ја надмина дури и мама“
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
фото: Струмички Баирџии
Би можело да ве интересира:





