Васил Гарванлиев за родната Струмица: „Собиравме со децата пари за врел леб, а крадевме френки од комшиите“
- Детали
- среда, 12 март 2025
„Најважното место за мене е - дома. Ми е мило што мама конечно ме послуша да ја срушиме куќата каде што пораснавме зашто беше преголема, се распаѓаше зашто сите сме надвор од Македонија, и за жал, домот веќе го немаше во неа, а на мама ѝ носеше тажни и тешки сеќавања“, вели Васил Гарванлиев за серијалот „За мојот роден град“ за CRNOBELO.com.
Роден е во Струмица, но со години Васил Гарванлиев живее во Америка.
Неговиот роден град му е секогаш во срцето, каде и да е, а во секоја можна прилика доаѓа да ја посети својата мајка која живее таму, но и пријателите и да се присети на детството и на убавите времиња.
Васил Гарванлиев ни ги откри своите омилени места и зошто го сака толку многу градот во кој е роден:
„Никогаш не заборавај кој си, од каде си, и од каде доаѓаш (уд дек си и уд дек ид’ш) за искрено да продолжиш напред во животот и бидеш тоа што си!
Морам дел да пишам на струмичќи за да се долови шмеко как шо треба.
Од мојата улица, играње д’лго магаре, ќерна, војна, гуничка и мижничка, до крадење јагоди од левио, а френки од деснио кумшии, до ќебапи од Фабрика, луксуз во DeGusto, совршениот коктел од South Side, до качуване на Св. Илија на баиро.
Струмица и Македонија имаат многу специјално место во моето срце без разлика каде и да сум во светот. И тоа е нешто што никој не може да го допре, ни па ми го зема.
Првите сеќавања кои ми носат топлина и насмевка на срцето се од децата на нашето маало.
Многу убаво и сложно си игравме сите додека растевме: војна, дл’го магаре, ќерна, ластика, гуничка и мижничка.
Една многу убава традиција што ја имавме е дека си собиравме пари за да купиме врел леб од пекарата навечер, некој од дома носеше сирне, и признавам дека крадевме френки од комшиите за „туто комплето experience”. А за десерт - јагоди од другите комшии.
Таа традиција остана во 1994/95, заедно со златото од баба Зора.
Втора омилена традиција и омилено нешто кое остана и до ден денес кога сум во Струмица е качување на Баиро!
Кога бев мал, скоро секоја недела со баба Витка се качувавме на Баиро до Св. Илија - мал манастир горе на врвот.
Неколкупати и кампувавме горе.
Патот од дома до врвот денес ми е 40-тина минути (брзо одам).
Лево на кружниот тек, горе по паројо, десно на 5-ти Ноември кај Маршал Тито, позади црквата до Ловен дом, па почнуваш со качување.
Чешмичката (сега е храм со икони и свеќи) до мини водопатчето, до скалите на смрт (ха-ха).
Ама, после скалите си на Св. Илија - рај, мир, тишина. Ќе запалиш свеќа, направиш неколку вежби, и назад.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





