Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Моќни и инспиративни 8-мартовски пораки од познатите Македонки: „Силна си - можеш сè“

Антониа Гиговска - пејачка

„’Жена’ не е обична песна. Ова е песна што ги обедини сите жени.

Ова е песна што ќе остане со години да пее за жените. Затоа што право машко знае како треба да сака жена.

Не само на овој ден, сакајте ги, почитувајте ги, гушкајте ги секој ден.

Ви посакувам најубав ден, жени мои, бидете насмеани. Вие сте сила!“

Маја Кикириткова - модна креаторка и инфлуенсерка

„Ти можеш!

Ти си силна!

Ти си храбра!

Ти имаш моќ!

Ти си самостојна!

Ти си независна!

Ти си дама!

ТИ СИ ЖЕНА!“

Снеже Велков - водителка

„Осмомартовската љубов не загадена, рима не извалкана.

Мама ми е убава како принцеза од бајка

Учителката моја пак ми е како втора мајка

Баба ми е тука да ме чува и сака,

Штом ги имам трите јас немам мака.

За мене 8-ми март е ова и ништо повеќе.

Љубов чиста, исконска. Љубов детска искрена.

Љубов осмомартовска.

Затоа дозволете ѝ денес на безусловната љубов да блика во проста рима како слика.

Незагадена од статистики, недеградирана од истражувања, непонижена од здруженија, пориви, осуди и заклучоци.

Неизвалкана од  желби, такмичења, тумачења, гледишта и женишта...

Просто е. Едноставно е. 8-ми март е. Љубов е. Толку е“.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Македонка со силна порака: „Зимава трипати бевме болни со децата - кога телото ми откажуваше, сфатив... „Како мајка на мали деца, очекувано ти е да има вакви епизоди. Но, признавам, не...
Кристина Димитри го остави дечкото чиј идентитет го криеше: „Со песна ќе ја затвориме оваа голема љу... „Бидејќи ве информирав за мојата љубов, сега добивам милион пораки за истата. Вр...
Ирина Камилоска во 42-ра недела од бременоста се качува на Водно: „Ако добијам болки ќе му се јавам ... „Со Јосиф имав природно породување, се надевам дека ќе биде исто и сега. Пр...
Бајковит 5-ти роденден на девојче од Скопје – замок за скокање, бели гулаби и кул катче со телефон з... Славеничката во бело фустанче со плетенки, се забавува под виножито од балони, п...
Тијана за стравовите во мајчинството: „Вук до свои 2 години зборуваше 'арапски' – никој не го разбир... „Бев загрижена, кога детето ќе прозбори. Тој зборуваше, но никој не можеше да го...
CRNOBELO анкета: Кои се жените-херои во животот на инспиративните Македонки? „Мојата пријателка Јулијана, за жал, изгуби син минатата година баш на овој ден....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg