Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Моќни и инспиративни 8-мартовски пораки од познатите Македонки: „Силна си - можеш сè“

„Не дозволувај да те замолчат. Но, биди мудра и знај кога треба да премолчиш. И не дозволувај да ти кажат дека не вредиш“ - напиша Ивона Јо во својата порака.

mokjni-i-inspirativni-8-martovski-poraki-od-poznatite-makedonki-silna-si-mozhesh-se-01.jpg

На Денот на жената, 8-ми март, многу познати Македонки испратија силни и инспиративни пораки до своите пријателки, жените од семејството, до сите познати и непознати жени кои ги следат на социјалните мрежи.

Сите различни, а сепак со иста порака - дека жените можат сè и мора да се поддржуваат една со друга.

Прочитајте ги пораките кои ги испратија Снеже Велков, Маја Кикириткова, Антониа Гиговска, Ксенија Николова, Маја Андоновска и Ивона Јо:

Ксенија Николова - писателка и инфлуенсерка

„Одбивам да живеам во свет каде нормализираме дека жена на жена е волк. Одбивам тоа да го присвојам, одбивам тоа да го пренесувам на други и одбивам утре така да ја воспитувам мојата ќерка.

Зошто? Затоа што животот е доволно тежок и без тоа, доволно големи се нашите предизвици и без овој товар, не стасавме дотука, за една со една да се рушиме, нели?

За жал, сите ние сме биле сведоци на тоа како жените една на друга си стојат на патот на успехот, на среќата, на напредокот. Знам дека живееме во свет каде што тоа до некаде и се охрабрува на еден прикриен начин, но ние мораме да се трудиме тоа да го промениме.

Мораме да разбереме дека нам ни се потребни што повеќе успешни и реализирани жени во светот, што повеќе задоволни и среќни жени во светот, затоа што тоа креира сосема поинаква слика за идните генерации, не смееме да заборавиме што оставаме зад нас.

Секојпат кога ќе навредите друга жена, кога ќе ѝ ставите сопка на патот до успехот, кога ќе измислите лага за да го минимализирате нејзиниот труд, сетете се на себе, сетете се на своите мајки, сестри, ќерки, пријателки и знајте дека тоа е удар за сите нас заедно.

Промената ја креираме ние, не бидете марионети на погрешното, бидете исклучоци и така ќе се претвориме во мнозинство. Залудна е секоја борба досега, ако не сфативме дека меѓусебната поддршка е најважна“.

Маја Андоновска - актерка

„Да имам можност да му погледнам во очи на преплашеното 9-годишно девојче со скршено срце по име Маја, само ќе ѝ се насмевнам и ќе ѝ кажам: ‘Малечка, твојата упорност и трудољубивост, твојата решителност и борбеност железни врати отвораат! Можеш сè!  Фала ти!'

И ќе ѝ шепнам, 'Насмевката ти е заштитен знак и останува како печат секаде каде си оставила парче душа по пат'.

Што ѝ должам? Ништо! Заедно сонуваме, мечтаеме, планираме и освојуваме С(в)Е(т)!

Кратка порака за секоја жена која е на некаков начин инспирирана од вашето постоење: Силна си - Можеш сè!“

Ивона Јо - пејачка

„Драга јас, а драга и ти жено, денес сакам да ти порачам нешто.

Патувај. Истражувај сè. Греши. Исправи се. Повторно погреши.

Кажи ‘Да’ на секој предизвик. Кажи ‘Да’ на сè она што те почитува. Почитувај.

Движи. Играј скокај и сакај. Сакај гласно и јасно.

И не дозволувај да те замолчат. Но биди мудра и знај кога треба да премолчиш.

Не дозволувај да ти кажат дека не вредиш. Зашто секој еден ден е подарок.

Марширале и се бореле. Нека не биде без причина нивниот марш“.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Македонка со силна порака: „Зимава трипати бевме болни со децата - кога телото ми откажуваше, сфатив... „Како мајка на мали деца, очекувано ти е да има вакви епизоди. Но, признавам, не...
Кристина Димитри го остави дечкото чиј идентитет го криеше: „Со песна ќе ја затвориме оваа голема љу... „Бидејќи ве информирав за мојата љубов, сега добивам милион пораки за истата. Вр...
Ирина Камилоска во 42-ра недела од бременоста се качува на Водно: „Ако добијам болки ќе му се јавам ... „Со Јосиф имав природно породување, се надевам дека ќе биде исто и сега. Пр...
Бајковит 5-ти роденден на девојче од Скопје – замок за скокање, бели гулаби и кул катче со телефон з... Славеничката во бело фустанче со плетенки, се забавува под виножито од балони, п...
Тијана за стравовите во мајчинството: „Вук до свои 2 години зборуваше 'арапски' – никој не го разбир... „Бев загрижена, кога детето ќе прозбори. Тој зборуваше, но никој не можеше да го...
CRNOBELO анкета: Кои се жените-херои во животот на инспиративните Македонки? „Мојата пријателка Јулијана, за жал, изгуби син минатата година баш на овој ден....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg