Мартинијан Кириловски на романтично патување во Париз со саканата, неколку дена пред 29-тиот роденден
- Детали
- сабота, 22 февруари 2025
„Добро утро Париз“ - напиша Мартинијан на првата фотографија од француската престолнина, а на која пред него се гледа Ајфеловата кула.
Мартинијан Кириловски ужива во Париз со својата долгогодишна девојка Лара Денковиќ.
Парот е на патување во еден од најромантичните градови во светот неколку дена пред 29-тиот роденден на пејачот, кој е роден на 24.02.1996.
А таму, во градот на љубовта, Мартинијан и Лара уживаат и во романтични вечери и во туристички прошетки.
„Одведи ме во Париз“ - пишува на фотката направена од авион, со која пејачот и неговата сакана најавија каде ќе патуваат.
А откога со Лара стигнаа во Париз, на своите Инстаграм профили секојдневно споделуваат фотографии од патувањето.
Тие досега го посетија музејот Лувр и го видоа ремек-делото на Леонардо да Винчи „Мона Лиза“, влегоа во кралската капела Sainte-Chapelle од 14-тиот век, ја посетија најпознатата париска опера Garnier, се фотографираа со Ајфеловата кула...
Но, парот уживаше и во кафето испиено во малите француски бистроа и во романтични вечери во париски ресторани.
Погледнете повеќе фотографии од нивното патување:
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





