Нашата балерина Стефанија Гаштарска: „Се оперирав во Русија и со мајка ми сакав да се вратам дома, но докторот ме премисли“
Планирав рехабилитацијата да ја поминам во Македонија.
Излегуваме со мајка ми надвор да чекаме такси и го среќаваме Анатолиј Корнеевич. Никогаш нема да ги заборавам неговите зборови: „Рехабилитацијата е 50% од успехот. Ако не се вратиш кај нас за две седмици и не ја поминеш рехабилитацијата тука, тоа ќе биде огромна грешка“. И си замина.
Јас и мајка ми се погледнавме, а таа рече: „Да, за две недели повторно леташ назад ваму, без никакви прашања“.
Тоа беше знак. Сега сум во Москва на рехабилитација и со сигурност можам да кажам дека, да, ако не дојдев, ќе направев неверојатна грешка.
Веќе заборавив на патериците, уште малку и ќе почнам да трчам.
Се чувствувам одлично...
Огромна благодарност до Анатолиј Корнеевич Орлецки и Димитриј Олегович Василев.
Ајде повеќе да не се среќаваме во болница, туку само во театар!
Голема благодарност до целата болница ЦИТО! Тука има толку прекрасни и добри луѓе“.
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





