Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Ирина Камилоска: „Се породив природно на ГАК, качив 15kg во втората бременост - не е лесно со две деца, но вреди“

„Јосиф го родив побрзо од Лена. Иако перијакално свртен, на бокс раѓањето траеше 3-4 минути. Со Лена бев на бокс околу 15 минути пред да ја родам... но, генерално лесно со двајцата. Воопшто не помислив да одам на приватно“, вели Ирина Камилоска која пред еден месец го роди своето второ дете.

irina-kamiloska-se-porodiv-prirodno-na-gak-kachiv-15kg-vo-vtorata-bremenost-ne-e-lesno-so-dve-deca-no-vredi-01.jpg

Ирина Камилоска на 13 јануари 2025 ја роди ќерката Лена, нејзиното второ дете, откако во јуни 2023 го роди синот Јосиф.

По помалку од еден месец од породувањето, планинарката е скоро вратена во форма, го намали поголемиот дел од вишокот килограми и полека се враќа во рутина - грижа за децата, планинарење на Водно, семејни активности со сопругот, пејачот Павле Камилоски.

irina-kamiloska-se-porodiv-prirodno-na-gak-kachiv-15kg-vo-vtorata-bremenost-ne-e-lesno-so-dve-deca-no-vredi-02_1_copy.jpg

А една од работите по кои е препознатлива Ирина, е и нејзината интеракција со следбениците на Инстаграм и искреноста со која одговара на нивните прашања, особено во однос на бременоста и мајчинството.

Така беше и овој пат. Додека сама го искачуваше Водно, Ирина покажа колку ѝ се намалил стомакот и дека е скоро рамен, но ги покажа и подочниците и темните кругови околу очите.

„Подочњациве ми се од ќерка ми Лена, која се понаша ко тинејџерка, дење спие, а ноќе лумпува, преубаво. А ова е стомакот, за вас кои прашавте како изгледам сега.

Имам уште малку за симнување, односно, не накачив многу во оваа бременост, повеќе имав задршка на течности, и супер се чувствувам“, вели Ирина, која откри дека во втората бременост качила 15kg.

irina-kamiloska-se-porodiv-prirodno-na-gak-kachiv-15kg-vo-vtorata-bremenost-ne-e-lesno-so-dve-deca-no-vredi-02.jpg

По ова, таа им даде можност на нејзините следбеници да ја прашаат сè што ги интересира и одговараше на нивните прашања.

Ирина кажа дека, исто како и со синот Јосиф, така и со ќерката Лена се породила на ГАК, природно и без епидурална.

irina-kamiloska-se-porodiv-prirodno-na-gak-kachiv-15kg-vo-vtorata-bremenost-ne-e-lesno-so-dve-deca-no-vredi-04.jpg

„Јосиф го родив побрзо од Лена. Иако перијакално свртен, на бокс раѓањето траеше 3-4 минути. Со Лена бев на бокс околу 15 минути пред да ја родам... но, генерално лесно со двајцата.

Воопшто не помислив да одам на приватно. Со синот имав прекрасно искуство во Државна и верував дека и сега ќе е исто.

Не се излажав - ГАК има соодветни услови за раѓање, прекрасен персонал целосно посветен на работата“.

irina-kamiloska-se-porodiv-prirodno-na-gak-kachiv-15kg-vo-vtorata-bremenost-ne-e-lesno-so-dve-deca-no-vredi-14.jpg

„Јас наместо да ослабам, се здебелив“ - гласи една од пораките.

„Мене ми се случи ова со Јосиф. После 40 дена кога се погледнав во огледало, сфатив дека сум се здебелила, иако од болницата излегов со само неколку килограми плус.

Тоа ми се случи зашто сите околу мене (постарите) ми велеа: ‘Јади Ирина, мораш да јадеш за да имаш млеко“, а јас исплашена дека немам доволно за Јосиф, се убив од јадење“.

irina-kamiloska-se-porodiv-prirodno-na-gak-kachiv-15kg-vo-vtorata-bremenost-ne-e-lesno-so-dve-deca-no-vredi-17.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Едина Муса го откри името на бебето, Кристина Димитри меша ајвар: Што прават македонските ѕвезди на ... Иван Јованов ужива со сопругата и ќерката Ниа, нашата млада актерка Марија Јанче...
Ламбе Алабаковски за татковството: „Сакам и ќерка по двата сина“ „Самото породување за мене беше еден голем, возвишен чин, со измешани емоции, ра...
Трогателна објава на Македонка: „Да се бориш со канцер е страшно, да се бориш втор пат со канцер е п... „Како се гледам после операцијата и губењето на двете гради? Најнормално, женств...
Ирина и Павле Камилоски добија ќерка, една и пол година по раѓањето на синот Ирина се породи денес на Државната клиника во Скопје, а ќерката ја роди во 42-та...
Димитар ја запроси саканата Стефани под ѕвезденото небо на Тунис (видео) „Тој порача шише вино во соба, но не ми беше чудно зашто често ми прави романтич...
Јелена Спенџарска објави видео за токсични врски - жена ѝ вели: „Имам пеколен брак, ама каде да одам... „Мојот телефон е повеќе негов отколку што е мој. Да види дали сум додала некој д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg