Зои Блаж за бременоста во Германија: „Срцева реакција слушате дури во 20-тата недела - што е поинаку од Македонија?“
Акушерка ми беше малку тешко да најдам, но на крај успеав во шестиот месец.
Ми следува курс со неа за полесно породување, ќе доаѓа кај мене дома бидејќи не зборувам убаво германски, за да може да ми преведува мојот сопруг Тадеј.
Акушерката е платена од државата, но доколку сакате да биде со вас на породување можете да ја платите, околу 500 евра ми рекоа дека чини.
Овде доста се разликуваат прегледите од кај нас, сега од второ тримесечје и трето нема толку прегледи на ехо, освен ако сакате да го видите бебето и си плаќате преглед, се проверува мал скриен шеќер во шестиот месец и ако не е нешто добро, препорачуваат да си го платите големиот скриен шеќер во седмиот месец.
Мене во 24-тата недела првпат ме прикачија на ЦТГ и ми рекоа дека тоа е рутинска контрола што искрено ми се допаѓа дека се грижат и следат ситуација, иако е рано ама да бидат сигурни.
Од 30-та недела треба да се пријавам во болницата каде ќе се породувам и да ја видам болницата да ми објаснат и покажат сè и да се одлучам за какво породување сакам, природно или природно во вода.
Царски овде мене ми рекоа дека не можам да го одберам и го прават само ако тие одлучат дека мора. Што искрено, секако, не ми беше во план и се надевам дека нема да има ни потреба за тоа.
Засега имам желба да се породам сосема природно, без епидурална анестезија, па ќе видиме Бог како ќе одлучи.
Од 30-та недела има најмногу ЦТГ прегледи и еден ехо-преглед во болницата.
Овде, како што знам нема приватна болница, но државните болници се пречисти и добро опремени, што искрено и не би се ни пораѓала во приватна.
Единствено што сакам е да си земам апартман за да бидеме сами. Се одлучивме и Тадеј да е присутен на породувањето, а и овде кога ќе се роди бебето ако е сè како што треба веднаш е со мајката во соба, па сакам да бидеме сите заедно“.
Прочитајте и Ана Најдовска за породувањето во Норвешка: „Царскиот рез не е опција и мажите земаат ‘татковско отсуство’ од работа“
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело
Би можело да ве интересира:
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_114128_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_112967_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_112600_400.jpg)