Зои Блаж за бременоста во Германија: „Срцева реакција слушате дури во 20-тата недела - што е поинаку од Македонија?“
- Детали
- петок, 07 февруари 2025
„Прва контрола направивме во 7-та недела од бременоста, а доста е чудно што имам пријателки кои дури во 9-тата недела биле првпат на контрола. Значи јас сè што зборувам за овде, во Германија, го зборувам од мое лично искуство, бидејќи тука сè е различно од град до град“, открива Зои Блаж (29) за CRNOBELO.com.
Инфлуенсерката Зои Блаж, односно Зорица Матијашич од Скопје, е во 7-иот месец од бременоста и очекува ќерка со словенечкиот ракометар Тадеј.
Парот живее во Германија, па ја исконтактиравме Зои за да ни долови како изгледа третманот на трудниците во здравствените институции таму и колку е поинаков од Македонија.
Со Тадеј живеат во малото планинско гратче кое се вика Зул, со население од околу 36.000 жители.
Прочитајте и На гости кај Зои Блаж: Стан oд 70m2 на Македонка во планинско гратче во Германија, со мебел од IKEA (фото)
Зои Блаж за CRNOBELO.com открива:
„Дознав дека сум бремена кога бев во 3-тата недела од бременоста.
Некако бев убедена дека сум бремена, рано ми почнаа симптомите, па можеби заради тоа знаев.
Се шетавме со Тадеј и од шега купивме тест, иако не ми доцнеше.
Дојдовме дома, тој беше во дневната соба и само го викнав: „Тадеј дојди да видиш нешто“, тестот беше позитивен и бевме пресреќни, ја споделивме нашата радост со нашите најблиски.
Искрено Хајди (моето куче) ми даде први знаци, цело време беше до мене и ми лежеше на стомак. Тоа се посебни мигови кои цел живот ќе ги паметам.
Ние бевме тазе преселени во овој град и најпрво побарав гинеколог кој ќе има место и ќе сака да ми ја води бременоста.
Тука е доста тешко од прва да најдеш, но јас имав многу голема среќа и преку пријателка, која се породуваше во тој момент, влегов на нејзино место.
Тука прва контрола направивме во 7-та недела од бременоста каде ни беше потврдена, и исто така е доста чудно што имам пријателки кои дури во 9-тата недела биле првпат на контрола.
Значи јас сè што зборувам за овде, во Германија, го зборувам од мое лично искуство, бидејќи тука сè е различно од град до град, а не пак од покраина до покраина.