Расцветаа кокичињата во Македонија - Има ли поубаво? (фото)
- Детали
- среда, 05 февруари 2025
Наша верна читателка ни испрати прекрасни фотографии од кокичињата во нејзиниот двор во скопската населба Пржино, а и вокалистката на групата Ареа, Ружица М. Брчиоска, објави магични фотки од нив. Мириса на пролет, зарем не?
Дали и вие се радувате како дете кога ќе видите кокиче? Дали ви прави топло на душата кога овие предвесници на пролетта ќе успеат да излезат и да расцветаат?
Тие храбро ѝ пркосат на зимата и се мевлем и за очи и за душа.
Нашата верна читателка Кети Петровска ни откри дека во нејзиниот двор во скопската населба Пржино годинава првите кокичиња расцветале на 15-ти јануари, а сега ги има толку многу што дворот е како сцена од бајка.
фото: Кети Петровска
Вљубеник во кокичињата е и вокалистката на групата Ареа, Ружица М. Брчиоска, која со својот фотоапарат, кој го носи насекаде, улови прекрасни кадри, направени во нејзиниот роден град Гостивар и ги сподели на Фејсбук.
Кокичињата се првите растенија кои цветаат пред и официјално да започне пролетта и тоа пред да се стопи снежната покривка.
фото: Ружица М. Брчиоска
Имаат посебна магија, зарем не?
С. С. | Црнобело