Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


16-минутен молк на скопскиот плоштад, тишината никогаш поболна - Собир за почит кон жртвите на пожарот во Кочани (фото+видео)

Ѕвездено небо за 59-те прерано згаснати животи, 16-минутен молк за жртвите од пожарот кој се случи на 16-ти март, транспаренти со моќни пораки, црни балони пуштени кон небото и тага која се чувствуваше во тишината и покрај огромната толпа народ која го преполни плоштадот во Скопје, во чест на загинатите во трагедијата во Кочани. 

momenti-od-protestot-vo-skopje-za-zhrtvite-na-pozharot-vo-kochani-1.jpg

Граѓанската иницијатива „Кој е следен“, што ги организираше протестите за правда за Фросина, денес организира мирен собир на плоштадите низ Македонија, за да се оддаде почит на жртвите кои го изгубија животот во пожарот во Кочани.

momenti-od-protestot-vo-skopje-za-zhrtvite-na-pozharot-vo-kochani-0.jpg

Мирниот собир се организира иницијално на плоштад Македонија во Скопје, но од организацијата повикаа истото да го направат и сите останати градови на своите плоштади.

momenti-od-protestot-vo-skopje-za-zhrtvite-na-pozharot-vo-kochani-12.jpg

За тоа зошто собирот е на плоштадите, а не на улиците како што многумина очекуваа, тие објаснија:

Затоа што состојбата во болниците е критична, а нашите херои се борат за спасување животи. Нашето присуство на улиците би ја отежнало нивната работа.

Ќе дојде време за протести на сите улици, но тоа време не е сега. Сега е време за сплотеност и грижа.

На скопскиот плоштад, уште пред 18 часот се собра огромна толпа народ, која заедно и сплотено тагува со семејствата на жртвите и повредените по трагедијата која ја зави цела Македонија во црно. 

momenti-od-protestot-vo-skopje-za-zhrtvite-na-pozharot-vo-kochani-03_copy.jpg

„Со крвави раце ги броите парите / Летајте високо ангели, ние ќе се бориме во ваше име / Ќе немаше волку крв да беше сè по закон, Кажи ми како без тебе да бидам...“ – гласат дел од транспарентите со моќни пораки кои ги испраќаа граѓаните.

momenti-od-protestot-vo-skopje-za-zhrtvite-na-pozharot-vo-kochani0-0.jpg

momenti-od-protestot-vo-skopje-za-zhrtvite-na-pozharot-vo-kochani-.jpg

momenti-od-protestot-vo-skopje-za-zhrtvite-na-pozharot-vo-kochani-20.jpg

Иако беше најавено во 18:59 часот, малку порано започна 16-минутниот молк - толку многу луѓе, а толку многу тивко...

Тишина, која истовремено толку гласно „вреска“ од болка и тага која секој може да ја слушне и покрај молкот... 

По 16-минутниот молк, од толпата кон небото пуштија црни балони и се палеа свеќи во чест на прерано починатите жртви во пожарот и трагедијата која засекогаш остави рана во секој еден од нас. 

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Македонија е на 47-то место на листата за најдобра национална кујна во светот - Кои се нашите топ 10... Кои се задолжителните работи кои мора да ги пробате од македонската кујна? Како ...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Мајка од Скопје: „Снимив видео како син ми гали маче, ме нападнаа дека го малтретира - зошто толку о... „Мика на видеово е бебе од 14 месеци, со недоволно развиена моторика на рацете и...
Американец не може да ѝ одолее на нашата храна - јаде гравче тавче, наздравува со ракија во Скопје (... Американецот Џастис, кој го обожава Балканот, со ново вирално видео - во скопска...
Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Снежна идила во Градски парк во Скопје (фото) По Нова година и Божиќ без врнежи, утрово Скопје конечно се разбуди под снежна п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg