Сара Мејс со хит упатство за инхалација, Филип Кузмановски ужива со сопругата и бебето: Што прават македонските ѕвезди деновиве?
- Детали
- понеделник, 03 февруари 2025
Игор Џамбазов напиша: „Стариот мој. Денес ќе наполнеше 89. Колку дедо Петре. А малку повеќе од другарот Тито. Одмарај стари...“ Ракометарот Филип Кузмановски со сопругата Моника и бебето беше на мини одмор, Елена Најдоски со сопругот во Солун, а Димитар Атанасовски објави видео од Копаоник како Сара Мејс им дава упатство на дедовците, кои им ги чуваат децата, како да им направат инхалација.
Елена Најдоски со сопругот ужива во Солун, а Лина Пејовскa во Истанбул.
Димитар Атанасовски објави видео од Копаоник како Сара Мејс им дава упатство на дедовците, кои им ги чуваат децата, како да им направат инхалација.
Димитар во описот на видеото на шега напиша:
„НЕ ПРОПУШТАЈТЕ!
Само сега и којзнае кога повторно пак…
Нашиот екслузивен онлајн курс за инхалација на дете сега имате можност да го слушате за 0 денари.
Проверете го вашето знаење и дознајте како поминаа на тестот нашите омилени студенти Милан и Жика.
П. С. Побрзајте додека професорката е на 'дијапазам'… ама не по своја волја, ја збудалеа“