Мајка од Скопје: „Снимив видео како син ми гали маче, ме нападнаа дека го малтретира - зошто толку омраза?“

„Мика на видеово е бебе од 14 месеци, со недоволно развиена моторика на рацете, и кога допира не знае тоа дали е грубо или не. Како и сѐ што допира тогаш, на таа возраст. Како кога ја гребе по лице мајка си или ја тегне за нос, како кога го гризе образот на татко му“, вели мајката од Скопје за Инстаграм видеото од син ѝ Мика и мачето, кое поттикна дебата.

majka-od-makedonija-objaviv-video-kako-sin-mi-gali-mache-me-napadnaa-deka-go-maltretira-zoshto-tolku-omraza-01.jpg

Мика е 1-годишно момче од Скопје, помало братче на малата модна инфлуенсерка Фрида (5) и момче кое, со помош на својата мајка, полека гради своја мрежа на следбеници на Инстаграм.

majka-od-makedonija-objaviv-video-kako-sin-mi-gali-mache-me-napadnaa-deka-go-maltretira-zoshto-tolku-omraza-06.jpg

Се разбира, фотографиите од него и објавите ги подготвува мајка му, која деновиве на Инстаграм се потсети на немила ситуација кога објавила видео како Мика гали маче.

Видеото било снимено кога Мика имал само 14 месеци (односно во јуни 2024-та), а во коментари бил нападнат тој, но и неговите родители дека му дозволуваат да му наштетува на мачето.

На ова неговата мајка вели дека на 14 месеци тој немал добра координација со рацете, како и повеќето деца на оваа возраст, и дека всушност на тој начин искажувал љубов и радост.

Кликнете за да го погледнете видеото:

Таа за CRNOBELO.com проговори за ситуацијата:

„Сакам да порачам - испишете љубов, не говор на омраза!

Од каде потребата за континуирано понижување и навредување на социјалните мрежи?

majka-od-makedonija-objaviv-video-kako-sin-mi-gali-mache-me-napadnaa-deka-go-maltretira-zoshto-tolku-omraza-10.jpg

Сигурно сте забележале дека, речиси, под секоја објава на некоја социјална мрежа, има негативни коментари од „експерти“ кои знаат сѐ, од совесни и грижливи родители кои тоа никогаш не би го направиле, од „скромни“ средновечни генерации кои растат во „збеснато” дигитално време и други лица скриени позади лажни профили кои не бираат зборови како ќе се изразат.

Сум сретнала и јас и само едно нешто ме интересира. Во која сфера од живот овие лица се неисполнети за да го пренесуваат бесот на овој начин?

majka-od-makedonija-objaviv-video-kako-sin-mi-gali-mache-me-napadnaa-deka-go-maltretira-zoshto-tolku-omraza-04.jpg

А знам, сигурно се работи за несреќен и неисполнет човек.

Зарем човек што е здрав, среќен и спокоен, професионално исполнет и реализиран, со партнер/фамилија и пријатели кои ги сака и го сакаат, финансиски стабилен, би се дрзнал негативно да се изразува и да „плука” по некој што не го познава? Секако дека не.

majka-od-makedonija-objaviv-video-kako-sin-mi-gali-mache-me-napadnaa-deka-go-maltretira-zoshto-tolku-omraza-05.jpg

Од друга пак страна, пак, дали сте забележале дека овие лица најчесто се и интелектуално стерилни, па токму и поради тоа во тие негативни коментари погрешно претпоставуваат, носат пребрзо заклучоци, односно поинаку ги доживуваат состојбите, најчесто на штета на оној за кој се однесува објавата.

Така е и во мојот случај.

majka-od-makedonija-objaviv-video-kako-sin-mi-gali-mache-me-napadnaa-deka-go-maltretira-zoshto-tolku-omraza-08.jpg

Погледнете го видеото со Мика, мојот син. Овде има 14 месеци и ќе си пукне од среќа што гледа одблизу маче и што може да го допре.

За неколку месеци ќе наполни 2 години и уште е истата радост за животни, посебно за мачиња и кучиња.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Македонската балерина Стефанија Гаштарска меѓу најдобрите 8 во Русија, според „Форбс“ „Ах, драги хејтери, страшно ме мотивирате, сфатете го тоа“ порача младата македо...
Познатите парови на Златна Бубамара '24: Тамара и Лука, Наум и Зуица Водителката Ирена Спировска дојде со долгогодишниот партнер Душко Исајловски, на...
Ќерката на Хелена Роза стана адвокат во Нов Зеланд: Бела перика и црна наметка за заклетвата, поддрш... Ќерката на Хелена Роза, Кјара, си го исполни сонот и стана адвокат, а поранешнат...
Татјана Лазаревска со семејството на шетање во САД: Новица топи чварки, им пеат на македонските исел... „Семејството е како музика. Неколку високи тонови, неколку ниски тонови, но секо...
Перо Антиќ, Дарио - Кои се највисоките познати Македонци (и колку се високи)? Со 211cm, поранешниот кошаркар и претседател на Кошаркарската федерација, Перо А...
Тамара Тодевска на настап во уникатен (и смел) стајлинг – Друштво ѝ правеа Катарина Ивановска и парт... Тамара Тодевска на настап во скопски локал се појави во уникатен кафеав стајлинг...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg