По Елена Најдоски, и Елена Ристеска направи моден погодок со трендот здолниште од црна тантела (фото)
- Детали
- четврток, 09 јануари 2025
Светскиот тренд на носење палто со транспарентно здолниште или панталони од тантела стигна и кај нас. Кој го носи подобро?
Елена Ристеска во последно време постојано ја гледаме во црни аутфити за настапите и ТВ гостувањата.
Токму во тој стил повторно направи моден погодок овој пат за гостувањето во емисијата „Седмо небо“ на Марјана Станојковска.
Иако емисијата веќе се емитуваше, Елена сега прикачи фотографии од стајлингот на својот Инстагам профил.
За оваа пригода таа се одлучи за црно палто со транспарентно здолниште од црна тантела.
Ова е светски моден тренд периодов, а неодамна во слично издание ја видовме и Елена Најдоски. Долниот дел може да биде во вид на здолниште или панталони од тантела.
Повеќе фотографии од Елена:
И Јелена Карлеуша на настап се појави во овој стил:
Неколку модни предлози од Пинтерест:
С. С. | Црнобело