Бакнежи со сопругот, семејни прошетки: Кристина Арнаудова низ фотки откри каква 2024 година имала
- Детали
- вторник, 31 декември 2024
„За крај на оваа 2024. Ништо не е како што изгледа. Можеме повеќе од што мислиме дека можеме“, напиша Кристина Арнаудова во пресрет на 2025-та и сподели семеен албум.
Кристина Арнаудова со албум фотографии го означи крајот на 2024-та и откри каква година имала.
Од бакнежи со сопругот, прегратки со синовите до заеднички прошетки, таа откри дека годината ѝ минала со низа мигови за паметење.
Кристина сподели и неколку мисли кои ја воделе низ 2024-та:
„Кога размислуваш премногу сети се на тоа дека грижењето премногу денес, не ти ги отстранува грижите утре, туку само ти го одзема денешниот мир“.
„Одбирам да верувам дека работите се возможни, дури и кога не знам како ќе се случат“.
„Нема ништо на светов што може да те измачи толку многу како твоите мисли“.
Покрај овие цитати, таа на Инстаграм сподели и:
„За крај на оваа 2024.
Ништо не е како што изгледа.
Можеме повеќе од што мислиме дека можеме.
Сè има почеток и крај.
Има и бесконечни нешта, сакам да верувам дека тоа е љубовта!
Има години кои ги паметиме засекогаш.
Јас сакам да ги паметам сите.
2024 ќе ја паметам.
Многу љубов!
Многу верба!“