Насловни страници од стари македонски магазини кои ќе ве преплават со носталгија
- Детали
- среда, 18 декември 2024
Никогаш прежалениот Ванчо Петрушевски, вечно ѕвездата Игор Џамбазов, безвременски убавата Надица Георгиева... Насловни страници кои ќе ве вратат во едни минати и поубави времиња.
Ах, се сеќавате ли на времињата кога многу се купуваа и печатеа магазини? Па, од „Котелец“ до „Екран“ и „Наш свет“ имаше по нешто за секоја генерација и за сечиј вкус.
Златко Ангелески е колекционер на магазини кои во различни Фејсбук групи постојано споделува насловни страници од стари македонски магазини.
Од Игор Џамбазов и Калиопи во младоста до Ванчо Петрушевски и Блага Петреска, овие фотографии дефинитивно ќе ве вратат во едни минати времиња и ќе ве преплават со носталгија.