Штипската четворка порасна - Слатка новогодишна честитка од Ведран, Михаил, Леонтина и Теодор
- Детали
- вторник, 17 декември 2024
Преслатки, дотерани во празнични блузички со еленчиња, Леонтина и нејзините три братчиња, се фотографираа и со родителите и со Дедо Мраз.
Ведран, Михаил, Леонтина и Теодор, познати во јавноста како „штипската четворка“, неодамна наполнија 1 година, а сега, заедно со нивните родители, Благица и Александар, направија слатка новогодишна фотосесија.
Дотерани во празнични блузички со еленчиња (црвена за Леонтина, а зелени за нејзините братчиња), тие се фотографираа за новата празнична честитка, откако и лани, брзо по нивното раѓање, родителите им направија фотографии со Дедо Мраз.
Четирите деца се насмеани и додека позираат сами, но и во прегратката на своите родители.
Интересно е што од новите фотографии може да се види дека Теодор и Леонтина си личат еден на друг, со светла коса и сини очи, додека Ведран и Михаил наликуваат, но за разлика од своето братче и сестричка, тие имаат потемна коса и очи.
Фотографиите, направени во штипско фотостудио, мајката Благица ги сподели и на својот Фејсбук, а наместо коментар, остави 4 срциња емотикони - три сини и едно црвено.
Погледнете ги фотографиите од новогодишната честитка на штипската четворка:
А. Ј. | Црнобело / фото: Фејсбук