Лила се забавува со синот во Дубаи - Виолини им свират на увце, уживаат на плажа (фото)
- Детали
- четврток, 12 декември 2024
„Сфаќам дека ми се исполнија многу молитви и во моментов го живеам животот што го посакував“, напиша Лила на Инстаграм.
Водителката и инфлуенсерка Лила Филиповска е на предновогодишно патување во Дубаи.
И додека во Скопје е студено и повремено врне дожд, Лила ужива во сонцето и го користи времето да се прошета низ градот, но и да се сонча на плажа или покрај базен.
Ова не е прво патување на Лила во Дубаи, но сега друштво ѝ прави нејзиниот син Филип.
Лила на Инстаграм Стори сподели неколку фотографии и видеа со синот, па покажа како се забавуваат.
Меѓу местата што ги посетија, беше и балканска кафеана, каде што им ја пееја „Јовано, Јованке“, а потоа виолини им свиреа на уво, додека тие уживаа во музиката.
Лила не пропушти да објави и неколку фотографии во костим за капење.
„Сфаќам дека ми се исполнија многу молитви и дека во моментов го живеам животот што го посакував“, напиша Лила на едната од нив.
Погледнете повеќе фотографии:
А. Ј. | Црнобело