Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Имала 12 бракови, го врати внукот со аутизам кај мајка му и живее сама на село – Животната приказна на Маја Оџаклиевска

Таа отворено има признаено дека никогаш не се срамела од каква било работа за да заработи, сè додека е чесна.

Во 90-тите години работела во вулканизерска работилница, а во одреден период од младоста, чувала деца во Шведска додека живеела со мајка ѝ.

Но, кога станува збор за нејзините деца, таа не можела да работи постојано бидејќи ги одгледувала сама, а и не сакала да прифаќа секакви тезги.

„Имаше страшни моменти додека ги растев ќерките. Се случуваше да јадеме бисквити со вода зашто немало пари за млеко. До таа мера беше тешко.

Не можев да работам, а и не сакав да правам компромиси да пеам нешто што не можам и не сакам. Иако еднаш пробав, прифатив тезга во Германија за да заработам пари за децата, работев од петок до недела и си реков – никогаш повеќе“.

se-mazhela-12-pati-go-vrati-vnukot-so-autizam-kaj-majka-mu-i-zhivee-sama-na-selo-zhivotnata-prikazna-na-maja-odjaklievska-06.jpg

Низ годините, пејачката има говорено и за браковите зад неа, кои биле со повеќе партнери (иако не открива дали со секого застанала пред олтар или само биле сериозни врски), а речиси секој од нив завршувал од слични причини. 

„Сум имала 12 таканаречени бракови. Кога ќе дојде оној момент и ќе почне ѕвонење и однесување кое не ми се допаѓа, им ги собирам сите работи во ќеса за ѓубре и им велам: Работите ти се пред врата. Чао, довидување и нов брак“.

Во пензионерски денови, љубовта и енергијата ја насочи кон внукот Лука со аутизам, кого таа го одгледуваше 5 години 

Јавноста е запознаена со приказната за Лука, внукот кој Маја го има од ќерката Теа, а на кого таа како баба му се посвети целосно и го одгледа.

На момчето му бил дијагностициран аутизам во првите години од животот, а таа самата забележала дека нешто не е во ред со него и го однела на преглед, бидејќи ќерката не ѝ верувала.

„Јас препознав дека нешто не е во ред со него кога имаше 2 години. Почна да се крие на темни места и под јорган, а кога ќе го допрев, врескаше. Имаше хистерични напади.

Кога ѝ кажав на ќерка ми, таа ми рече дека измислувам, па самоиницијативно го однесов во Институт за деца со пречки во развој, каде работеа со него, бидејќи се сомневаа на аутизам, кој не може да се дијагностицира до 5-тата година, а не можев да чекам со скрстени раце дотогаш“.

se-mazhela-12-pati-go-vrati-vnukot-so-autizam-kaj-majka-mu-i-zhivee-sama-na-selo-zhivotnata-prikazna-na-maja-odjaklievska-03.jpg

Во разговор за српските медиуми Маја има изјавено дека нејзината ќерка повеќе не можела да го поднесе тоа, па затоа таа како баба ја преземала грижата за Лука, кој по извесно време почнал да се смирува, додека таа безрезервно му ја пружала својата љубов на внукот.

Зборувајќи за односот со Лука, но и со неговата мајка, пејачката има кажано дека таа се смета себеси за делумно заслужна за неговиот прогрес, бидејќи многу работела со него и верува дека љубовта му помогнала да омекне.

„Еве сега тој помина 10 месеци со мајка му, но се врати уназаден, по моите критериуми, но и според наставниците. Ќерка ми секако, ме обвинува дека измислувам, но ја разбирам.

Во еден момент таа ми рече – што му згрешив на Бог за да добијам вакво дете“ – емотивно раскажала Маја во една прилика за Blic TV, пишуваат тамошните медиуми.

По речиси цел живот поминат во Белград, неодамна се пресели на село со внукот, но кратко потоа „се разделија“

Маја заедно со нејзиниот внук долги години живееше во стан во Белград, а пред одреден период се преселија во куќа на село, каде велеше дека ѝ е многу поубаво, далеку од градскиот метеж.

„Ми годи што ме будат славеи. Зошто да слушам свирежи од автомобили во градот наутро? Јас сум градско дете, но во Скопје растев во куќа со двор, отсекогаш сакав куќа со двор и тоа ми се исполни“ – изјавила таа во периодот кога се преселила.

se-mazhela-12-pati-go-vrati-vnukot-so-autizam-kaj-majka-mu-i-zhivee-sama-na-selo-zhivotnata-prikazna-na-maja-odjaklievska-04.jpg

Сепак, во 2023 српските медиуми пишуваа за нејзиното признание дека таа веќе немала доволно сила за да се грижи целосно за него и го вратила кај неговата мајка.

„Лука сега е подобар, повеќе нè разбира за разлика од порано, но уште не зборува. Со него мора многу да се работи и јас го правев тоа, додека имав сила, можев да го совладам тоа.

Но веќе немам. Минатата година го предадов на мајка му. Ѝ реков на ќерката Теа: Сине, јас веќе не можам. Тој е физички јак сега, а и во пубертет е.

Не постои начин да продолжам да го чувам. Драго ми е што кај Лука гледам напредок и што разбира подобро од порано, но уште не зборува.

Најголема желба ми е да го слушнам внукот како зборува“ - сподели таа. 

М. М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Мајка од Скопје: „Снимив видео како син ми гали маче, ме нападнаа дека го малтретира - зошто толку о... „Мика на видеово е бебе од 14 месеци, со недоволно развиена моторика на рацете и...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Македонка со силна порака: „Зимава трипати бевме болни со децата - кога телото ми откажуваше, сфатив... „Како мајка на мали деца, очекувано ти е да има вакви епизоди. Но, признавам, не...
Јелена Спенџарска објави видео за токсични врски - жена ѝ вели: „Имам пеколен брак, ама каде да одам... „Мојот телефон е повеќе негов отколку што е мој. Да види дали сум додала некој д...
Елена Ристеска цел месец немала име, Агнеса прво била Снежана: Како требало да се викаат познатите М... Елена Ристеска за CRNOBELO.com откри дека, освен што цел месец била без име, неј...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg