Јелена Спенџарска со спомени од детството: „Ми фали кога во основно ќе купевме 30 честитки за Нова Година за соучениците“
- Детали
- вторник, 03 декември 2024
„Ми фали времето од основно кога ќе купев 30 честитки за Нова Година и на сите мои соученици на големиот одмор ќе им ги ставев во Читанката, тетратката, во ранецот или под клупа...“
Јелена Спенџарска на нејзиниот Инстаграм профил сподели објава која на неа ѝ вратила спомени од детството во овој празничен период, а веруваме дека ќе ви врати и вам.
Објавата што ја сподели на Инстаграм Стори гласи:
„Ми фали времето од основно кога ќе купев 30 честитки за Нова Година и на сите мои соученици на големиот одмор ќе им ги ставев во Читанката, тетратката, во ранецот или под клупа и после за време на часот ја следев нивната реакција кога ќе ја најдеа. Преубаво време беше!“
На оваа објава Јелена прокоментира:
„Да, да, леле ДА! Жими се, ќе купам честитки и ќе пратам на сите блиски...
Не сум праќала со години и навистина ми недостига тоа. Подароци горе-доле веќе имам испланирано на кого што ќе подарам.
Од следната недела ќе се активирам.
Секое време е преубаво ако знаеш како да го исполниш“.
Ви враќа ли и вас спомени помислата на ретро честитките? Сте испратиле ли некоја преку пошта во последниве години?
С. С. | Црнобело
фото: Freepik.com /
Би можело да ве интересира:





