Македонската актерка Симона Живковска чека бебе - го покажа трудничкото стомаче на настан во Лондон
- Детали
- понеделник, 02 декември 2024
Нашата актерка, која глумеше покрај Скарлет Јохансон во Black Widow, блескаше на доделување филмски награди во Лондон, а на настанот, со партнерот го открија и полот на бебето.
Актерката Симона Живковска, која по мајка е Македонка, е бремена со своето прво бебе.
Таа на својот Инстаграм објави фотографии на кои блеска во краток розов фустан покрај својот партнер Тео Џонсон, а во прв план е трудничкото стомаче.
Актерката не ја криеше радоста, веста за бременоста, но и полот на бебето ги откри на доделувањето на награди во Лондон, каде што нејзиниот партнер беше номиниран во категоријата за најдобар сценарист.
„Навистина се забавувавме синоќа на Royal Television Society Awards. Ви благодариме што бевте домаќини на нашето неофицијално откривање на полот на бебето. Чекаме момче“, напиша Симона на Инстаграм.
Идната мајка доби бројни честитки од пријателите и следбениците на социјалните мрежи.
Симона, која детството го поминала во скопското село Бразда, и која неколкупати годишно доаѓа во Скопје, од раното детство живее во Лондон со својата мајка и брат.
Со брат ѝ во село Бразда
Таа глумела во многу серии, театарски претстави и неколку филмови, а највпечатливата улога ѝ е во филмот Black Widow со Скарлет Јохансон.
Погледнете повеќе фотографии:
Прочитајте и Симона Живковска, актерка: „Глумев со Скарлет Јохансон, работев во машки затвор, а во детството берев цреши во село Бразда“
А. Ј. | Црнобело