Македонските познати личности откриваат кој им е најголемиот страв во животот
- Детали
- недела, 08 декември 2024
Игор Џамбазов вели дека се плаши од себе, Иван Либеро има страв само од Господ Бог, Александра Шијакоска признава дека сите стравови и се оствариле, а Катарина Ивановска се плаши од смрт - македонските познати личности за CRNOBELO.com ги откриваат своите најдлабоки стравови.
Познатите личности, и покрај тоа што се во фокусот на јавноста за секоја тема, на крајот на денот се само обични луѓе.
Па, како и сите други, и тие имаат стравови, а македонските јавни личности во CRNOBELO лексиконот, меѓу другото открија и кој е нивниот најголем страв.
Додека дел од нив тврдат дека не се плашат од ништо, други признаваат дека се плашат само од Господ, а трети имаат страв од животни.
На прашањето „Од што се плашиш?“, дел од македонските јавни личности одговараат за CRNOBELO.com:
Игор Џамбазов
„Од себе“.
Димитар Андоновски
„Не се плашам од луѓе и од ништо што е земско. Единствено се плашам да не го разочарам Бог. Се плашам само од него“.
Стефан Филиповски
„Порано многу повеќе од летање, но сега, затоа што летам веќе подолго време постојано на релација кон Виена, па и до Австралија двапати, некако се навикнав“.
Таско
„Од тоа што не го гледам“.
Сара Мејс
„Од болест и лоша среќа да не го нападнат моето семејство“.
Иван Либеро
„Од Господ Бог“.
Васил Гарванлиев
„Пајаци, a до пред една година и од имиграција“.
Елена Ристеска
„Од ништо, не се плашам од ништо, затоа што ако се плашам од било што, така го навредувам Господ. Верувам во Бог и оставам сè да биде по неговиот план“.
Снеже Велков
„Од кучиња“.