Скопјани помогнаа семејство да го најде изгубениот папагал и уште 5 вести што нè израдуваа оваа недела

Хелена Роза ги мотивира луѓето да ја поддржат акцијата за собирање книги за онколошки пациенти

Хелена Роза, иако живее на Нов Зеланд, преку својот Фејсбук реши да се приклучи на настанот „Мало дело, голема инспирација“, чија цел е да се соберат книги за онколошките пациенти.

Таа ја сподели иницијативата на својот профил, па напиша:

„Со едно мало дело можеме да донесеме огромна инспирација! Во духот на солидарност и поддршка за онколошките пациенти, Здружението ЕЗРА и Бифе Тафталиџе организираат посебен настан под мотото „Мало дело, голема инспирација.“

На 16 ноември во 12 часот, донесете книга во Бифе Тафталиџе и напишете кратка мотивациска порака. За ова мало дело, ќе добиете бесплатно кафе.

Сите собрани книги ќе бидат донирани на Онкологија, каде што ќе ја збогатиме библиотеката со „Книги на надеж“ - место каде што пациентите ќе можат да пронајдат утеха, сила и мотивација во зборовите на оние кои сакаат да им дадат поддршка.

Придружете ни се и бидете дел од иницијативата која носи топлина, охрабрување и солидарност“.

skopjani-pomognaa-semejstvo-da-go-najde-izgubeniot-papagal-i-ushte-5-vesti-shto-ne-izraduvaa-ovaa-nedela-16.jpg

Жени ќе сплетат 250 капи, шалови, ракавици, елечиња за бездомни лица

Групата „Плетени коцки“, жени кои често ја покажуваат својата хуманост на дело, и оваа година организираат зимска акција - тие ќе сплетат 250 парчиња (капи, шалови и ракавици и слично) за да ги поделат на бездомните лица пред почетокот на зимата и студот.

Тие својата иницијатива ја споделија во групата на Фејсбук.

„Од денес почнуваме со нашата најнова зимска акција, која е со истиот мотив како минатогодишната, а да ја заокружиме 2024 година на наш начин.

Тоа значи дека ќе плетеме/хекламе зимски продукти: капи, шалови, калчунки, греачи за глава, елечиња, ракавици и други продукти кои може да бидат корисни за да им овозможиме барем малку топлина на нашите сограѓани кои немаат постојано живеалиште и се дел од ранливата група на лица во бездомна состојба од Скопје.

Потребно е да се изработат околу 250 продукти, се надеваме дека ќе успееме со оваа бројка. Знаеме дека рокот е малку пократок, но да дадеме сè од себе.

skopjani-pomognaa-semejstvo-da-go-najde-izgubeniot-papagal-i-ushte-5-vesti-shto-ne-izraduvaa-ovaa-nedela-15.jpg

Продуктите ќе бидат доставени на рака на секој од нашите сограѓани кои ќе бидат на локацијата во Скопје каде редовно добиваат оброк од нашите хуманитарци „Вистински дела на љубезност“.

Боите нека бидат неутрални, а шемата за плетење по ваша желба, но да нема дупчиња со цел да се задржува топлината на продуктот.

Вниманието е насочено на возрасни полнолетни лица.

Ве охрабруваме да се вклучите кој колку може, па да успееме со заеднички сили да ги расположиме нашите сограѓани кои имаат свои секојдневни предизвици.

Минатата година беа многу благодарни дури и со еден греач или со едно капче“ - пишува во објавата.

skopjani-pomognaa-semejstvo-da-go-najde-izgubeniot-papagal-i-ushte-5-vesti-shto-ne-izraduvaa-ovaa-nedela-14.jpg

Со продажба на слики до пари за купување пакетчиња за деца од онкологија

Сликарката Анжелика Колева стави на продажба 4 свои слики, а најави дека собраните пари ќе бидат наменети за купување пакетчиња за децата кои се лекуваат на клиниката за онкологија во Скопје.

„Секој заслужува миг на среќа“, напиша Анжелика, која неодамна и самата се бореше со рак на дојката.

skopjani-pomognaa-semejstvo-da-go-najde-izgubeniot-papagal-i-ushte-5-vesti-shto-ne-izraduvaa-ovaa-nedela-08.jpg

Доколку сакате да споделите некоја убава и позитивна приказна од вашето секојдневие, која ви се случила вам или на која сте биле сведок, пишете ни на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Лила Филиповска емотивна за 30-тиот роденден на синот: „Ти си мојата сила, мојот панцир, мојот двига... „За мене секогаш ќе останеш ‘моето дете’, иако денес полниш 30 години! Со овие з...
Миа Костова си ја „отвори“ душата за синот: „Мислев секогаш ќе ми биде тешко, а види нè денес“ „Некогаш тешко ми беше малку со тебе на колк и купување на акција, ама види нè д...
Трогателна објава на Македонка: „Да се бориш со канцер е страшно, да се бориш втор пат со канцер е п... „Како се гледам после операцијата и губењето на двете гради? Најнормално, женств...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
Денес е „Свети Кирил и Методиј“ – Среќен именден Кирил, Кире, Методија, Менде... На 24-ти мај православните христијани го слават празникот Свети Кирил и Методиј....
Денес се слави Свети Василиј Велики – Ден за имендени и карневали Честит именден Василиј, Васил, Васе, Василија... Денес е првиот ден од Новата го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg