„Сега сама ги споделувам нашите спомени и дружења“ - Пријателите и естрадата се простуваат од Зоки Фаци
- Детали
- петок, 01 ноември 2024
„Збогум Зочко, беше прекрасен човек, полн со емпатија, полн со љубов и желба за живот. Ќе фалиш Зоки. Сега ти е сигурно подобро. Патувај низ бескрајот“ - естрадата, пријателите и долгогодишните соработници со многу емоции се простуваат од Зоки Фаци, кој почина утрово по долга борба со ракот.
Утрово во Скопје почина естрадниот новинар Зоран Василевски - Фаци, а веста за неговата смрт ја сподели Стефан Лазаров.
Стефан со многу емоции се прости од својот долгогодишен пријател и соработник, со кого последниве години беше неразделен, но и за чие лекување во Турција собираше пари, со надеж дека Зоки ќе се оперира и ќе го победи ракот.
„Те сакам пријателе, секогаш ќе се сеќавам на тебе и на твојата насмевка. Многу ќе ми фалиш“, напиша Стефан на Инстаграм.
Тој откри и дека погребот на Зоки е закажан за недела, во 12 часот во црквата Св. Никола во Катланово, во 13 часот ќе биде погребан на гробиштата во Катланово.
Веста за смртта за Зоки ги најде затечени и неговите пријатели и соработници, но и оние кои повеќе од 20 години ја следеа неговата кариера.
Меѓу првите кои се простија од Зоки е Хелена Роза, за која тој постојано велеше дека му е најдобра пријателка и дека му недостига што е далеку и живее на Нов Зеланд.
„Сега си слободен. Ќе те сакам секогаш и никогаш нема да те заборавам, мој најдобар пријателе“, напиша таа.
Од Зоки се прости и Тамара Тодевска.
„Збогум Зочко, беше прекрасен човек, полн со емпатија, полн со љубов и желба за живот. Ќе фалиш Зоки. Сега ти е сигурно подобро. Патувај низ бескрајот“, напиша таа и објави нивна заедничка фотографија.
Нашата музичка дива Калиопи се прости од починатиот новинар.
„Патувај Зоки“, напиша Калиопи.
Новинарката Милица Џаровска, која долги години работеше со Зоки во „Вест“, дневниот весник каде што тој ја почна својата кариера, се потсети на нивното дружење.
„Почивај во мир Цуци, најзабавното време во Вест ми беше со тебе.
Фала што ми носеше доручек кога бев трудна, фала за сите капучинчиња и фала што ми ги сакаше децата.
Ќе те памтам секогаш по убаво. Каква случајност, сликава е точно од 1 ноември во 2018.