Лила Филиповска се заљуби во Виетнам - учи да готви, работи на нива (фото+видео)
- Детали
- вторник, 29 октомври 2024
„Нивата во Виниче ја прекопав, па дојдов во Виетнам да помогнам“, напиша Лила на Инстаграм и покажа колку многу се забавува на патувањето во оваа азиска земја.
Лила Филиповска уште еднаш покажа дека има огромна страст кон патувањата и истражувањето нови дестинации.
Таа во моментов е во Виетнам и не крие дека се заљубила во земјата.
Лила веќе неколку дена споделува фотки и видеа од својот престој во оваа далечна земја и открива што сè видела и како се забавува.
На патувањето со неа е и Биг Мама, па Лила покажа како учат да готват и на шега напиша „гледате во идните готвачки“.
Беа и на виетнамски фарми, па Лила во еден момент зеде гребло и мотика и им помогна на локалците.
„Нивата во Виниче ја прекопав, па дојдов во Виетнам да помогнам“, напиша таа на фотографиите објавени на Инстаграм Стори.
Таа посети и многу интересни дестинации во земјата, меѓу кои и главниот град Ханој, заливот Ла Хонг заштитен од УНЕСКО, но и Cелото на кокосите (Coconut village).
Се воодушеви и од градовите, плажите, локалната култура, но и традиционалните пазари на вода, каде продавачите во бротчиња ја носат робата и пловат покрај куќите, а луѓето си купуваат намирници од прозорите.