Мелита Ракичевиќ: „Плукав крв, стресот беше огромен и по 18 години ѝ кажав збогум на телевизијата“

„Телевизијата ми беше втор дом, а едно од прашањата е ‘Зошто се повлеков од телевизијата?’ Од здравствени причини. Јас добив вирус којшто во тоа време беше нешто слично како короната...“, открива Мелита Ракичевиќ.

melita-rakichevikj-plukav-krv-stresot-beshe-ogromen-i-po-18-godini-i-kazhav-zbogum-na-televizijata-01.jpg

Мелита Ракичевиќ беше едно од нашите препознатливи ТВ лица, а нејзиното „Пет шоу“ каде ширеше љубов кон домашните миленици, една од нашите омилени ТВ емисии.

Но, по 18 години телевизиска кариера таа пред неколку години се повлече од ТВ екраните, а по нејзини стапки тргна нејзината ќерка Барбара Ракичевиќ.

Мелита веќе долго време не ја гледаме на малите екрани.

Но, во гостување во емисијата „Здраво Македонијо“ на Канал 5 телевизија, таа искрено откри зошто одлучила да стави крај на водителската кариера.

Мелита Ракичевиќ за крајот на нејзината телевизиска кариера вели:

„Телевизијата ми беше втор дом, а едно од прашањата е ‘Зошто се повлеков од телевизијата?’

Од здравствени причини. Јас добив вирус којшто во тоа време беше нешто слично како короната.

melita-rakichevikj-plukav-krv-stresot-beshe-ogromen-i-po-18-godini-i-kazhav-zbogum-na-televizijata-04.jpg

Господинот Докиќ беше човекот којшто ми го спаси животот и ми рече дека стрес и начин на живот под таков силен притисок веќе е невозможен, бидејќи буквално за три дена може да се случи сè, значи јас плукав крв.

Ниту во животот некогаш сум пушела, ниту сум имала некој здравствен проблем на ‘плуќата’, но тогаш тоа се случи, веројатно од континуиран и голем стрес...

melita-rakichevikj-plukav-krv-stresot-beshe-ogromen-i-po-18-godini-i-kazhav-zbogum-na-televizijata-09.jpg

Долги 18 години бев на медиуми, работев во живо, знаете како е, огромен притисок и едноставно морав да го смирам животот“.

Дел од гостувањето (кликнете на видеото):

Потсетете се на емисијата „Пет шоу“ со Мелита:

Повеќе фотографии од Мелита на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, Дарио Ивановски спортист на годината Скопје (12.11.2024 год.) - Сојузот на спортови на Скопје, денеска по повод ослоб...
Лила издоминира на Светски ромски бал 2024, Агнеса и Биг Мама воодушевија со стилот Свечени фустани за жените, класични костуми за мажите... Како се дотераа нашите ...
Денес е Вера, Надеж и Љубов – Што треба да направат сите што имаат ќерки? Ако имате ќерка денес треба да ѝ покажете колку ја сакате. Се слави празникот „В...
Од Скопје повторно ќе се лета до Барселона и Дубаи – нови авиолинии од Скопскиот и Охридскиот аеродр... На големо очекување на сите, повторно се враќаат авионските линии кои го поврзув...
Елена Најдоски на гости кај сестра ѝ и внуките во Хрватска: „Семејството на прво место“ Елена Најдоски ја испочитува семејната традиција, па и годинава замина на гости ...
Познати Македонци на кои небесно сините очи им се највпечатлива карактеристика Адријан Гаџа, Христијан Стојановски, Столе Димитриевски, но и Сашко Коцев и Гора...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg