Живописни цркви и манастири посветени на света Петка, низ Македонија
- Детали
- сабота, 26 октомври 2024
На големите верски празници често православните христијани одбираат да посетат некој од живописните манастири и цркви во нашата земја и таму да го поминат денот во молитва и да се обидат да најдат духовен мир.
Култот кон Света Петка е доста раширен во нашата земја, а за тоа говори и фактот што во нашата земја има голем број манастири и цркви посветени токму на оваа светица.
Освен црквите, во нашата земја има и голем број извори на лековити води, кои кај народот го добиле името „Петочни води“.
Во продолжение да погледнеме некои од најживописните манастири посветени на Света Петка во Македонија. Секако листата е многу долга и невозможно е да се опфатат сите манастири и цркви.
Манастир „Света Петка“ – Велгошти, Охридско
Во близина на Охрид, во селото Велгошти се наоѓа голем манастирски комплекс, посветен на светицата.
Црквата се наоѓа над селото, на ридот Олмец. Според легендите, селаните сакале да изградат храм на друго место, но светицата три ноќи за ред го рушела сработеното.
Најпосле поставиле стража и сфатиле дека таа сакала манастирот да се најде на денешното место.
Црква „Света Петка“ во Љубаништа, Охридско
Во манастирскиот комплекс „Свети Наум“ има и црква која е посветена на света Петка, каде има и извор на света вода.
Манастир „Света Петка“ – Цапари, Битолско
Во подножјето на планината „Баба“ под националниот парк Пелистер, се наоѓа голем манастирски комплекс посветен на светицата.