Семејни моменти: Партнерката на Атанас Атанасовски објави ретки фотки со актерот и децата
- Детали
- петок, 18 октомври 2024
Александра, партнерката на Атанас Атанасовски, сподели идилични семејни фотографии од патување со актерот и нивните две деца - ќерката Една и синот Павле.
Актерот Атанас Атанасовски и неговата партнерка ретко споделуваат интимни моменти од семејниот живот.
Токму затоа, нивните следбеници и јавноста беа изненадени кога Александра на својот Инстаграм објави десетина семејни фотографии направени на патување.
Тие, се чини уживаат во времето поминато заедно, па на фотографиите се гледа како Атанас и Една јадат сладолед, седат опуштено на плочник среде плоштад и ручаат во ресторан...
Но тука се и фотографиите на кои актерот се грижи за синот, видео од роденденот на Една, како и фотки на кои е целото семејство.
Инаку, Атанас во моментов е актуелен со стенд-ап шоуто „(Нат)просечен Македонец“, кое го прави заедно со својот најдобар другар и долгогодишен партнер на сцената, Тино Костадиновски.
По мини турнејата низ земјава и во Германија, двајцата актери се подготвуваат да го претстават шоуто и пред скопската публика, па по двата распродадени настапи, веќе најавија и трет датум.
Погледнете ги семејните фотографии:
А. Ј. | Црнобело