Марко Новески со близнаците, Игор Ангелов полумаратонец: Кои познати Македонци трчаа на Скопски маратон 2024?
Меѓу актерите кои трчаа на Скопскиот маратон 2024 беа и Гораст Цветковски, Благој Веселинов, Нина Николиќ и Александар Михајловски од МНТ.
Гораст, на маратонот не трчаше во спортска опрема, туку во сценски костим од една од неговите претстави.
На маратонот повторно трчаше и поранешната пејачка Ева Нединковска. Таа ја истрча трката од 21km.
„5-ти по ред мој полумаратон, трет пат на Wizz Air Skopje Marathon и прв полумаратон кој лесно го истрчав без потреба да проодам.
Ќеиф ми е што постигнав личен рекорд од 2:18:54, 12 минути побрза од лани, 9 минути подобро време од моето најдобро време на полумаратон досега.
Изминативе 3 месеци трчав само кратки дистанци и немав доволно тренинзи ни километража за полумаратон, но со божја помош стигнав радосно и лесно на целта“, напиша Ева на Фејсбук.
Меѓу учесниците беше и поранешната водителка, а сегашен уредник во Македонската телевизија, Анета Андонова.
Таа години наназад учествува на трките, а годинава се натпреваруваше во штафета.
Фотографиите од Скопскиот маратон 2024, Анета ги сподели на Фејсбук.
А. Ј. | Црнобело