Македонската „Барби“ ужива во Дубаи, во најминималистичките монокини досега
- Детали
- петок, 27 септември 2024
Во минималистички бели монокини Верица Китанова покажа зошто го носи прекарот „македонската Барби“.
Долгоногата русокоса убавица Верица Китанова од Струмица, поради русата косата и тенкиот струк го носи прекарот „македонската Барби“.
Таа периодов ужива на одмор во Дубаи.
Од возење на јахта и фотосесии во минималистички бикини до позирање на најатрактивните локации во ова туристичко место, Верица очигледно поминува незаборавни мигови.
Во интервју за CRNOBELO.com на прашањето „Дали ти пречи да те споредуваат со Барби?“, изјави:
„Кога станува збор за физички изглед, нормално ми годи. Според мене Барби беше и остана стандард за убавина, иако сè повеќе се форсира тој „Bratz Dolls“ ефект.
Премногу се наметнува тој „песочен часовник“ тип на градба, со облини како Кардашијанс, но мене повеќе ми се допаѓа стандардната манекенска градба.
Настрана од тоа, јас нудам многу повеќе од Барби изглед, а тоа го знаат само луѓето што ме познаваат приватно“.
Македонската „Барби“ во Дубаи:
https://www.instagram.com/p/DALTjS7oKVx/?img_index=1