На 51 година почина оперската пејачка Ирена Кавкалевска, која маестрално ја глумеше Кармен
- Детали
- среда, 25 септември 2024
Вчера (24.09) во Скопје почина Ирена Кавкалевска, мецосопран и првенка на Националната опера и балет, која меѓу публиката ќе остане запаметена по маестралната улога на заводничката Кармен во истоимената опера.
Ирена Кавкалевска (родена на 12 февруари 1973) беше една од највпечатливите солистки на македонската опера. Веста за нејзиното прерано заминување ја сподели семејството.
Од Ирена, преку социјалните мрежи, се простуваат нејзините колеги и пријатели, кои со неверување ја споделуваат веста за нејзината смрт.
Меѓу нив е и Благој Нацоски, кој испрати искрено сочувство до семејството.
Многу тажна вест 💔 Искрено сочувство до семејството, почивај во мир Ирена
-->-->Posted by Blagoj Nacoski on Wednesday, September 25, 2024
Со порака излезе и Националната опера и балет, каде што Ирена работеше долги години.
„Добитничка е на многу награди, школувана во Македониіа, Софиjа, Грац и Загреб, Кавкалевска дебитира на сцената на МОБ во 1996 година со улогата на Мадалена во „Риголето". Настапувала на многу фестивали и оперски сцени, а незиниот репертоар зборува за успешни креации во „Кармен", „Аида", „Набуко", „Моќта на судбината", „Сестра Анџелика", „Лули Цезар во Египет" „Севилскиот берберин", „Лилјакот", „Иван Сусаньин", „Цар Самоил".
„Уште во првата нејзина појава, Ирена Кавкалевска беше вистинско олицетворение на Кармен, бескрупулозната заводничка. Таа апсолутно пленеше со сценичноста, владееше со целото дејство, очигледно се чувствуваше удобно во улогата што а толкува.
Комотна и самоуверена на сцената, мошне маркантно ja долови фаталната женска привлечност" - зборува музичката критика за креацијата на нашата уметница во познатата опера на Жорж Бизе.
Нејзината појава беше особено ретка, како на сцената така и во приватниот живот. Зрачејќи со својата елеганција, нежност и племенитост, остави голема трага во срцата на публиката и колегите. Истовремено, беше и силен борец во сите животни премрежија.
Прераната смрт на почитуваната и драга Ирена Кавкалевска за Македонската опера и балет и воопшто, за севкупниот културен живот, претставува огромна загуба. Таа имаше и можеше да подари уште многу сценски и концертни креации...
Нека ти е светол патот драга Ирена“, стои во нивната порака на Фејсбук.
А. Ј. | Црнобело