Кучето-херој од пожарот во Расадник се врати дома и уште 4 позитивни вести од Македонија кои нè израдуваа минатата недела
- Детали
- среда, 25 септември 2024
Македонска куклена претстава освои 3 награди на Интернационален фестивал, собрани донации во вид на училиштен прибор за децата на кои им е најпотребен... Кои убави вести ја одбележаа минатата недела?
Иако понекогаш делува дека сè околу нас е „темно и мрачно“, сепак, секојдневно слушаме по некоја убава и позитивна вест која ќе ни го разубави денот.
Овие 5 позитивни вести ја одбележаа минатата недела кај нас:
Собрани донации на училиштен прибор
На Фејсбук страницата Вистински дела на љубезност беше објавено дека преку организацијата Ways2Help успеале да соберат голем број донации училиштен прибор за децата на кои им е неопходен.
„Како и секоја година досега, така и овој пат, при крајот на август започна активноста за собирање донации во училиштен прибор и ранци.
Во тој правец, во организација на Ways2Help, беше отпочната и акција на донирање од страна на индивидуалци и правни лица во Среќа bar&food. Голема благодарност до сите кои донираа“, стои во пораката.
Сестрите Илина и Ева Сколовски ќе се натпреваруваат на Балканско првенство во гимнастика
Македонските сестри Илина (18) и Ева (14) Сколовски, нашите најдобри гимнастичарки, вторпат ја носат Македонија на Балканското првенство во гимнастика, што ќе се одржи од 26 до 29 септември во Будва, Црна Гора.
Тие летово тренираа интензивно и се подготвуваа за своите настапи.
Илина ќе настапи во сениорска конкуренција, додека Ева ќе се натпреварува во јуниорска, за натпреварувачи до 16 години.
Сестрите со години наназад освојуваат медали на големи натпревари.