Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Кучето-херој од пожарот во Расадник се врати дома и уште 4 позитивни вести од Македонија кои нè израдуваа минатата недела

Црни, кучето-херој од Расадник си отиде дома

Црни, кучето коешто го бранеше својот дом во пожарот во Расадник пред околу три недели, и кое се здоби со изгореници, веднаш по пожарот беше однесено на лекување во „Лајка“.

Од здружението за заштита на правата на животните, сега велат дека Црни е добар и дека конечно се врати дома.

„По 16 дена лекување во Лајка, херојот на Расадникот си се врати на локацијата каде што го чекаа брат му, куќичките и оние кои 10 години се грижат за него.

Ни беше огромна чест да се грижиме за тебе Црни и ти посакуваме долг и среќен живот покрај оние што те сакаат.

Им благодариме на сите оние кои имаа удел во лекувањето на Црни, вашата поддршка беше бесценета“, напишаа од Лајка на Фејсбук и објавија фотографија дека го испратиле Црни дома со торта.

kucheto-heroj-od-pozharot-vo-rasadnik-se-vrati-doma-i-ushte-3-pozitivni-vesti-od-makedonija-koi-ne-izraduvaa-minatata-nedela-14.jpg

kucheto-heroj-od-pozharot-vo-rasadnik-se-vrati-doma-i-ushte-3-pozitivni-vesti-od-makedonija-koi-ne-izraduvaa-minatata-nedela-12.jpg

kucheto-heroj-od-pozharot-vo-rasadnik-se-vrati-doma-i-ushte-3-pozitivni-vesti-od-makedonija-koi-ne-izraduvaa-minatata-nedela-13.jpg

5 ученици ќе ја претставуваат Македонија на светски натпревар по роботика

Од Македонија за Атина отпатува тим од 5 ученици и нивните ментори, а ќе учествуваат на светскиот натпревар по роботика First Global Challenge, кој ќе се одржи од 26 до 29 септември.

Темата на натпреварот е „Хранење на иднината“.

Нашиот тим го сочинуваат Димитриј Митковски, Елена Трпковска и Давид Маневски од средното училиште „Георги Димитров“, Тимотеј Николовски од средното училиште „Михајло Пупин“ и Марко Јанкуловски од средното училиште „Јахја Кемал“.

Нивни ментори се Јаков Спировски и Ален Куљеван.

kucheto-heroj-od-pozharot-vo-rasadnik-se-vrati-doma-i-ushte-3-pozitivni-vesti-od-makedonija-koi-ne-izraduvaa-minatata-nedela-17_1_copy.jpg

Театарот за деца и младинци освои три награди на Интернационален фестивал за куклен театар во Загреб

Театарот за деца и младинци (ТДМ) од Скопје освои три награди со претставата „Роња, ќерката на ограбувачот“ на 57. Интернационален фестивал за куклен театар во Загреб, што се одржа од 13 до 19 септември.

Официјалното жири, одлучи да додели награда на актерката Матеа Јанковска за актерско остварување за улогата на Роња, на комплетната актерска екипа за колективната анимација на кукли и за сценографијата за Олга Зјебинска.

Претставата досега има освоено награди на фестивали во Подгорица, Котор, Нови Сад, Крагуевац, како и на 57. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

Претставата е работена според романот од Астрид Линдгрен, а во режија и драматизација на Јакуб Максимов од Чешка.

kucheto-heroj-od-pozharot-vo-rasadnik-se-vrati-doma-i-ushte-3-pozitivni-vesti-od-makedonija-koi-ne-izraduvaa-minatata-nedela-15.jpg

Доколку сакате да споделите некоја убава и позитивна приказна од вашето секојдневие, која ви се случила вам или на која сте биле сведок, а со која ќе покажеме дека животот е прекрасен, пишете ни на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Мали хероини: Уште 2 предвремено родени бебиња се изборија за животите (едното родено со тежина од 5... Малата Амела била родена со тежина од само 550 грама во 6-иот месец од бременост...
Љубовта не знае за години: Кои познати дами од Македонија биле или се постари од своите партнери? Каролина Гочева, Калиопи, Сузана Турунџиева... На македонската јавна сцена ...
Миа Костова славеше Св. Никола - Тамара пееше за мерак на гостите, Тијана највесела од сите „Заради сите вас на масава, јас сум тоа што сум денес. Вие сте мојата сила засек...
Филип од Скопје ја запроси Ена на ски-патека во Австрија: „Доктор помисли дека сме повредени, веднаш... „Живееме на иста улица во Капиштец, еден спроти друг. Си гледаме од прозор во пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg