Македонка го живее својот сон во Осло: Сопругот фудбалер шутна топка и го откри полот на бебето
- Детали
- вторник, 17 септември 2024
Ана Најдовска од Скопје веќе години наназад Норвешка ја нарекува својот дом. Таму веќе ја расте својата ќеркичка Оланна (5), а сега со сопругот открија дека очекуваат син.
Ана Најдовска од Скопје со сопругот и ќерката Оланна (5) живее во Осло, Норвешка, но неретко ја посетува својата родна Македонија.
Прочитајте и Мајка и ќерка во тон: Ана од Скопје и Оланна (4) живеат во Норвешка и имаат кул моден стил
Таа е во брак со норвешкиот фудбалер Чума Уче Анене (роден на 14 мај 1993 во Осло), кој е напаѓач на фудбалскиот клуб Амкар Перм. Родителите на Анене имаат нигериско потекло.
Тој има играно и за македонскиот клуб Работнички, сè до 2015-та година.
Парот сега го очекува своето второ дете, а Анене во свој спортски стил шутна фудбалска топка, која се распрсна и од која излезе син прав, а со тоа открија дека очекуваат син.