Маја од Скопје: „Во еден миг си благодарна на Бога за бебето во прегратка, во друг паничиш што мора итно на операција“
Поминаа скоро две години од операцијата. Среќна сум и благодарна на Бога што друга операција немавме. Петра е силно и храбро девојче кое од самото нејзино раѓање тоа ми го покажува секој ден.
Хидроцефалусот е состојба која е минлива, а може и не, но тоа нас не ни е проблем, затоа што јас милион пати би поминала низ истото за да ја имам мојата Пепа таква каква што е, посебна, паметна и најсилна.
Продолжи да чекориш храбро мајкина, продолжи да им докажуваш на сите дека цевчето не е никаков проблем и дека можеш сè, покажи им на сите што зборуваа и сè уште зборуваат позади грб.
Ќе им докажеме на сите дека можеме заедно сè, затоа што понекогаш за среќа е само доволна мајката и нејзините деца, а ти и Илина сте мојот почеток и мојот крај засекогаш“.
https://www.instagram.com/p/C_xti6usNMf/?img_index=1
Интервјуто со Маја може да го прочитате ТУКА.
С. С. | Црнобело